Ветив дека ќе кажам што сум напраил на сервис ама заборавив.
Ја однесов на 10.000 иако требаше на 15, по пепорака на многу луѓе.
Од тогаш поминав уште 1.500 плус.
Инаку се ок помина на сервис, ја стегнаа малку фиоката да не крцка, малку и од топлото се управи ама арно е сега.
Напраија и некој апдејт на на софтвер па сега поблиску е бројката на бордот за потрошувачката до реланата . Пред тоа крадеше (покажуваше помалку) а сега тера некој 200 грама фазла од колку што реално троши ама поарно е сепак одколку пред тоа кога покажуваше 5.9 до 6.3 а трошеше 6,7 до максимум 7, зависи каде и како е возена.
Она што НЕ ми се допадна е што ставиле некој си 300 до 400 грама фазла улје во колата после сервисот па ми се запали Check Engine Oil Level на бордот после 500 км и не се угаси додек не извадија малку од уљето.
Не ми беше јасно како некој може да направи таква глупа грешка ама тоа е тоа.
Инаку се на се во целост сум задоволен од услугата во МАС. Услужливи се нема што, слушаат што ќе им кажеш и се трудат да го одстранат проблемот.
Сервисот ме кошташе 12.300 денари ако не се лажам.
Она што забележав после првиот сервис е дека се смени звукот на моторот малку и дека потрожувачката порасна за некои 0,2 до 0,3 литри на 100.
Зошто ....ај донт ноу...