Автор Тема: Фиат Панда 1.2 2009 година или Сузуки Алто 1.0 2009 година; мислење, совети.....  (Прочитано 3543 пати)

Отсутен Djokica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 966
Ај ако може да помогнете, една пријателка реши да купува некое мало градско количе кое ќе биде второ возило и би се користело само низ град, колку детето да се носи до градинка и слично. Услов беше да е со 4/5 врати, да има клима и да не е дизел, и да е до кај 3000 евра. Изборот се стесни на овие два модели, Панда и Алто. Конкретно имаме селектирано два огласи, треба овие денови да ги погледнеме.

Фиат Панда
http://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=3390503

Сузуки Алто
http://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=3319705

Секој совет и мислење е добредојдено. Фала однапред.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Во 2011 ги разгледував овие коли и одлука падна за Хјундаи i10.

Пандата ми се допаѓаше што има повисоко седиште, лесно се влегува и излегува. Мењачот е убаво поставен, лесно се наоѓа убава возачка позиција. Вратите чудно се затвараа, требаше појако да се удрат. Не знам каква е вожњата, немаа тест возило.

Сузукито го возев и имаше фина вожња како за 3 цилиндри. Убаво забрзување, сигурно е поекономично од Пандата. Седењето е пониско и не можев никако да најдам возачка позиција во однос на педаљи, мењач и волан. Стаклата на задните врати не се спуштаат, се отвараат само странично.

Типувам за Пандата, бидејќи има и плинче :)

Сузукито не е фул, бидејќи не видов обртомер.

Да, Сузукито е поекономично, 5,5 литри по каталог наспроти 7,1 за Пандата, ама па оваа е со плин.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Сузукито се продаваше во 3 нивоа на опрема.

Во второто ниво идеше со обртомер, што значи ова на огласот е основно ниво.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4768
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30065
    • CARclub.mk
Огласот за Пандата го нема, ама јас сепак би ја одбрал неа. Сузукито ми е страшно неубаво за гледање.

Отсутен Djokica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 966
Сепак се купи Алто од 2014 година, со 60 000 километри, за 3800 евра, со клима, серво, електрични стакла напред, далечинско централно заклучување, четири воздушни перничиња итн.
Можам да кажам дека позитивно ме изненади количето, го возев од Скопје до Кавадарци и на автопат моторчето си ја врши работата, комотно си одржува 120 - 130 км/ч, а за низ град е таман. Друга работа, ептен е тивок моторот, некоаш во сообраќај може да те збуни се причинува дека моторот не работи. Како за градско количе доста и е удобно, позади може да собере двајца со нормална висина до кај метар и осумдесет, внатре да целото е пластика, ама не толку лоша како што очекував да биде. Е сега на изглед да грдичко е, што вели другарката и личи на мува ама тоа е..
Негативни работи, тоа што позади не се спуштаат прозорите, туку се на кип, напред на возачката врата нема команда за совозачкиот прозорец па мора да посегнеш ако треба да го отвориш/затвориш, нема обртомер и покажувач на температура (и во повеќето градски модели тоа го нема), и багажниот простор стварно е минијатурен, ама лесно се спуштаат задните седишта ако треба да се товари нешто поголемо.
Во глобала, мој заклучок е дека ова би било идеално второ возилце во некое семејство.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Со здравје возење.

Како што имав пишано, во второто ниво на опременост го има обртометарот.
Ако си успеал да се исценкаш аргументирајки дека е колата во основно ниво, супер :)

Отсутен Djokica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 966
Со здравје возење.

Како што имав пишано, во второто ниво на опременост го има обртометарот.
Ако си успеал да се исценкаш аргументирајки дека е колата во основно ниво, супер :)
Фала, ама како што кажав другарка моја си ја купи колата, не е за мене. Првично цената беше 4 200 ама каросериски имаше забелешки, во смисла стругната, гребната на некои места, и таман да му понудам 3 900, другаркава се убаци му вели 3 700, и така на крај се најдоа на 3 800. Инаку заборавив да споменам и регистрирана е до Септември 2020 година.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Хахаха, одлично!