Сепак се купи Алто од 2014 година, со 60 000 километри, за 3800 евра, со клима, серво, електрични стакла напред, далечинско централно заклучување, четири воздушни перничиња итн.
Можам да кажам дека позитивно ме изненади количето, го возев од Скопје до Кавадарци и на автопат моторчето си ја врши работата, комотно си одржува 120 - 130 км/ч, а за низ град е таман. Друга работа, ептен е тивок моторот, некоаш во сообраќај може да те збуни се причинува дека моторот не работи. Како за градско количе доста и е удобно, позади може да собере двајца со нормална висина до кај метар и осумдесет, внатре да целото е пластика, ама не толку лоша како што очекував да биде. Е сега на изглед да грдичко е, што вели другарката и личи на мува ама тоа е..
Негативни работи, тоа што позади не се спуштаат прозорите, туку се на кип, напред на возачката врата нема команда за совозачкиот прозорец па мора да посегнеш ако треба да го отвориш/затвориш, нема обртомер и покажувач на температура (и во повеќето градски модели тоа го нема), и багажниот простор стварно е минијатурен, ама лесно се спуштаат задните седишта ако треба да се товари нешто поголемо.
Во глобала, мој заклучок е дека ова би било идеално второ возилце во некое семејство.