Војвода, незнам зошто си збунет.
Ресетираш, поминуваш 1км без застој со нормална вожња и гледаш рецимо 5l/100.
Застануваш и гледаш како со секоја измината секунда почнува да расте просекот.
Тоа е така затоа што си поминал само 1км а моторот работел/трошел гориво рецимо 5 минути во место.
Ако ја оставиш да работи 15 минути може да ти покаже и 20l, но ако почнеш да возиш со секои изминати 100 метри ќе почне да се намалува просекот исто така брзо како што се зголемувала претходно.
Ресетирај и не обрнувај внимание на просечната се додека не изминеш барем 100км, дури тогаш ќе имаш пореален показател за просечната потрошувачка во зависност од условите во кои возиш и од стилот на возењето.
Ако сепак нешто се сомневаш, направи како што ти кажа Симо. Нема лажги на тој начин 
Епа како да не се сомневам, дали е океј со 500 денари да поминам 75 километри ?
Ете прееска го доизвозев останатото гориво, и таа бројка испадна.
Ако овој мотор во просек троши 8/100 градска, тоа значи дека со таа сума на пари јас треба да поминам 100 километри. Односно околу 35% повеќе.
Од тие 75 километри, 40 се пројдени со променет термостат, останатото со стариот. Во тие поминати километри се и некои 40 минути работење во место кај Жаре. Рутата ми беше Лисиче- Ситимол, односно проаѓање низ гужви кај билна - рекорд.
Ете сега ставив 1000че, од бензинска до дома 1.5км рута, ми даде 6.8, со возење во 4та, на некои си 1500 обртаи, значи нормално возење без гужви.
Ако нешто значи, почеток на фебруари треба да се прави мал сервис.
Баш ме интересира што ќе испадне на крај.
Да не утнал нешто дечкото што ми вадеше ДПФ ( по препорака на Жаре), и ми стави фабричка мапа, со избришан дпф.
Затоа и ме интересираат и вашите искуства, резултати.
На групата за Алфа Ромео на Фејсбук, сите велат дека просекот им е 8/100 градска, толку е и кај мојот роднина, толку беше и кај дечкото од кој што ја купив ( ~7.8 ).