Со среќа нека е. Знаев дека на крај ќе ја земеш
Добар избор имаш, колата ти го прави меракот, ја знаеш колку толку историјата, за резервни делови не се секирај гинима сеа 147 на тон у МК.
Околу дпф, незнам што да ти кажам, ја би го исчистил најпрвин ако сумата не е преголема. Ако стане реален проблем за колата, би го извадил.
Турбото не му се секирај, тука е Ужице
Цвилењето. Јас типувам на гумици на балансштангла. Ефтин дел, скапа раб рака поради тоа што цел трап треба да се симне. Италијани јбг.
Колата се центрира и напред и назад. Прашај си кога послесен пат е направено тоа. Добро центрирање прави огромна разлика во удобноста на возење. Секако со соодветни гуми за 17.
Пошо си положил пред скоро 2 години, претпоставувам си помлад, те молам немој да се сељачиш со незрело возење. Попаметниот попушта и живее подолго.
Кога ќе поминеш некоја година и 5 цифри во извозени км, ќе ме сфатиш.
Долго да те служи и да не те надживее.
Фала ти, подобра да си купиш.

Нема никакво летање со колата ниту сега ниту за 10 години, безбедноста ми е на прво место. Касно полагав за кола, инаку 30 имам xD
Колата е одлична, за парите подобро нема дефинитивно и во лик и во опрема и во моќност.
Е сега вчера приметив и нешто друго, пошто вечерта беше многу ладно приметив дека задната врата позади возачот, малце заебава.
Вчера ја повлеков рачката за отварање дур колата беше заклучена и некако отпорот на рачкат го снема, беше многу лесна по вториот обид.
Ја отклучив колата и задната врата пак не се отвораше. Од внатре едвај ја отворив. Но послетоа пак не сакаше да се затвори, онака одеше до крај вратата но не се затвараше. После неколку обиди на затварање на сите врати, некако се затвори и си работеше океј.
Пак кога пробав со истиот метод пак истото ми го направи.
Денес пошто е потопло со истиот метод пак се олабави рачката, но после прво заклучување на централното си се затвори како што треба и си работеше.
И само таа врата прави така, рачките на другите врати не го губат отпорот како неа.
WD40, би помогнало нешто, пошто гледам таму е малце како подзапрљано.
Sent from my SM-G975F using Tapatalk