Дечки ја однесов колата на дијагностика, го ставија на некој Delphi софтвер, каде што дечкото ги исчита вредностите моментални на преку 20-30 параметри.
Грешката што ја дава е заради DPF филтерот, запушен е. На секои 100-200 км прави регенерација, последната е пред 108 километри. Требало некоја негова вредност кога колата е во мирување да е 0, а тука е 16, и кога колата ќе добие полна гас таа да е 7-8, а одека е 26-27. Советува човекот вадење на филтерот за 150 евра, хардверски и софтверски, ако не го извадам ризикувам да ја заебам турбината ако го врател притисокот. Отидов кај него со препорака на Жаре, пошто нема струја на новата локација неможе да се изведе дијагностика кај него моментално.
Се друго е одлично, на 4тата дизна има некое ситно поголемо отчитување, некоја вредност која е 1.1-1.2, а он вели дека тоа не е ништо страшно се решавало со адитив, и дека страшно е ако има вредност над 2.
Сите други вредности на останатите елементи кои се проверуваа беа во ред.
Kилометражата е речиси реална, има 3000км разлика од борд до она што го јави на компјутер, колата има 216к.
Подвозјето немав можност да го проверам, ќе го држам познаникот/колегата на збор, колата не е удирана, сите спојки се како што треба. Бев со роднина кој вози иста таква алфа, и тој го констатираше истото.
И двајцата возат ист мотор, али неговата што ја има влече повеќе ( седна да ја проба), оваа што сакам да ја земам влече послабо за разлика од неговата. Но тоа е ради DPF-от, тој изгледа нема, додека оваа што ќе ја земам има.
Инаку моментално не светеше check engine (изгледа прегорела сијаличката

).
Она што е правено во неа, ќе го повторам, сменето друк лагер, потисна и ламела, нов акумулатор, сменето десна вилушка од друга половна алфа, има нови амортизери.
Малце како да има цвилење на десната страна на колата, тоа било некоја гумица која треба да се подмачка, бидејќи кога е врнежливо немало никаков звук, и роднината ми го потврди истото.
17ки бандажи со 2 сезони возени гуми, кожен ентериер, паркинг сензори, двозонска клима, темпомат,
1.9 JTDM 150ks, 2006 производство, 2007 прва регистрација, светло сина боја има голем и мал сервис правено пред 7 000 километри, колата е регистрирана до фебруари 2020 ( мада јас до крајот на декември и нема да ја возам подалеку од населба, пошто до тогаш се водам како возач почетник иако не сум баш многу млад

).
Ова го добивам за 3200е. Пониско од ова не пушта ништо.
Така да со моите анализи, подобро и не многу поново количе ќе ме чини некаде околу 6500-7000 евра ( Astra J, Golf 6). Така да мислам дека е солидна зделка како за овој модел на алфа, а општо и како бренд, највеќе се добива за таа цена.
Со Господ напред, од утре ќе станам и јас Алфиста
