Автор Тема: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm  (Прочитано 33624 пати)

Отсутен Војвода

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 45
Одг: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm
« Одговори #30 на: 29 Септември 2019, 17:35:14 pm »
Изгледа погрешно си не сфатил, ако може да си дозволам да пишувам во име и на недои др членови.

Никој не рече дека нешто тука не е нормално. Рековме, дај да се закачи на дијагностика па ќе видиме. Колку за инфо, грешки не секогаш се даваат на борд, или пак ср даваат па после сијаличката се гаси. Разликата од бордот до дијагностика е тоа што бордот ја дава моменталната состојба а дијагностиката минатата и сегашната. Тоа е голема разлика. Башка што има разлика од дијагностика до дијагностика. Алфа 147 користи ОБД и ККЛ протоколи за комуникација. Затоа и те прашав кај ја носел колата.

Можеби го тупиме многу, ама јбг. А тие 200е што ви се разлика, поделете ги и готово.
Ама прво чекор по чекор.
Ако добро паметам, кај некој сервис во Радишани, што имал традиција со сервисирање на италијански коли. Он вели дека имале добра дијагностика што кажува буквално се.
Инаку колата има сменето вилушка, амортизери, година ипол возени гуми, 17ки бандажи со 215/45 гуми, има сменето ламела, потисна и таму нешто со кумплунгот, нема проблеми со турбина, ниту со замаец, има 215к реални километри.
На работа сме хаос, и нема како неделава да се изведе такво нешто како дијагностика, евентуално да му кажам кога ќе е слободен и ако сака, да ја стави на дијагностика кај него па да ми го пренесе точниот код.
Проблемот ќе е што вие ќе дадете некое мислење, а тој нема да го прифати, бидејќи веќе си има изградено свое мислење. Што значи нема да има дополнителна корекција во цената.
Поентата моја со мојот пост тука е, барем како што и јас го сфатив познаников е дека секој дизелаш  кад тад ќе му светне check engine ради DPF, бидејќи се запушуваат. Ја носиш колата на автопат, ставаш адитив за ДПФ се регенерира и веќе нема да свети. И очекував и тука да слушнам слични мислења од алфашите дека и кај нив било исто слично. Еве на братучед ми со истата алфа, исто ја има некои 4 години, никогаш не му светнало check engine, вие тука исто не го потврдувате тоа негово мислење, во смисол не се замарај, ако почне да троши повеќе и помалку да влече, ќе го извадиш филтерот и никому ништо. Но никој не го вели тоа, а ова на мене  требаше да ми биде прва кола.
Не ми се купува Голф, Леон  и остали глупости ем поскапи се, ем помизерни во опрема, послаби во моќност, и со далеку понабиена километража.
Кога влегов во алфата се чувствував како во ферари да сум влегол.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm
« Одговори #31 на: 29 Септември 2019, 17:41:18 pm »
Како и да е, купуваш половна кола. Неможе да биде нова.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44364
  • Il Moderatore
Одг: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm
« Одговори #32 на: 29 Септември 2019, 17:46:25 pm »
@Војвода , Види, он е продавач, ти си купувач. Доколку не може да ти удоволи на барањето да исчитате што е точно кодот на грешката, је*и га. Сам ќе си одлучиш дали вреди ризик или не. Ти си го гледаш твојот интерес. Check engine светнува ако е нешто расипано или моторот добил информации дека некои параметри се надвор од дефинираните. (точка, пунто, енде). Тоа значи, дека ECU-то, со помош на сензори и параметри кои ги добива од истите, детектира дали работата на одредени делови во моторот се ОК. Доколку не се ОК, алармира со палење на MIL (Mailfunction Indicator Light), такозвани „чек енџин“ кај нас. Не се пали за џабе, па со издувавање да се угасне, иако се работи за италијанска кола, и постојат анекдоти за сијаличките, сепак не е ОК да свети.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Војвода

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 45
Одг: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm
« Одговори #33 на: 29 Септември 2019, 18:19:50 pm »

Последниот апдејт со него е дека  сензорот не бил во ред за дпф-от, тој чинел 5 евра, но околу 80 евра работна рака за да се отвори и среди, што не било  исплатливо баш.
Незнам дали ќе успеам оваа недела да изнајдеме време , но ако успеам, каде има добра дијагностика за алфа ? Значи добра, колку да ми заврши работа и со пристојна цена ?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44364
  • Il Moderatore
Одг: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm
« Одговори #34 на: 29 Септември 2019, 18:21:57 pm »
Епа ете, веќе имаш почетна точка за ценкање. Значи 100е долу, доколку му веруваш на зборот.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Војвода

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 45
Одг: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm
« Одговори #35 на: 29 Септември 2019, 18:27:47 pm »
Епа ете, веќе имаш почетна точка за ценкање. Значи 100е долу, доколку му веруваш на зборот.
Oн ми вели носи ја колата кај сакаш на проверка.
Каде да ја носам ? Жаре го сели сервисот и малце е комплицирано кај него, два пати не успеав да ја однесам колата кај него, бидејќи или беше зафатен или не беше во можност.
Тони од Сингелиќ не ми се ни јавува на бројот што го најдов.
Он вика да ја носиме во Радишани кај што ја сервисира.
Еден член на фан клуб страницата на facebook, ми се понуди на негов тестер/дијагностика за италијански коли ако сакам да ја ставиме за 300 денари, е сега незнам дали е доволен тој тестер.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm
« Одговори #36 на: 29 Септември 2019, 19:51:32 pm »
Check engine знае да се упали и поради богата/сиромашна смеса на гориво/воздух и потоа пак да се угаси.
А ако бил кварот леснен за детектирање или  ефтин поправка, досега ќе бил поправен.

Лично, ни евро не би дал за половна кола на која и свети check engine,  а ако до толку ми праи мерак ќе прежалам 1500 денари за комплетна дијагностика во официјален сервис.

Отсутен Војвода

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 45
Одг: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm
« Одговори #37 на: 02 Октомври 2019, 18:31:37 pm »
Дечки ја однесов колата на дијагностика, го ставија на некој Delphi софтвер, каде што дечкото ги исчита вредностите моментални на преку 20-30 параметри.
Грешката што ја дава е заради DPF филтерот, запушен е. На секои 100-200 км прави регенерација, последната е пред 108 километри. Требало некоја негова вредност кога колата е во мирување  да е 0, а тука е 16, и кога колата ќе добие полна гас таа да е 7-8, а одека е 26-27. Советува човекот  вадење на филтерот за 150 евра, хардверски и софтверски, ако не го извадам ризикувам да ја заебам турбината ако го врател притисокот. Отидов кај него со препорака на Жаре, пошто нема струја на новата локација неможе да се изведе дијагностика кај него моментално.
Се друго е одлично, на 4тата дизна има некое ситно  поголемо отчитување, некоја вредност која е 1.1-1.2, а он вели дека тоа не е ништо страшно се решавало со адитив, и дека страшно е ако има вредност  над 2.
Сите други вредности на останатите елементи кои се проверуваа беа во ред.
Kилометражата е речиси реална, има 3000км разлика од борд до она што го јави на компјутер, колата има 216к.
Подвозјето немав можност да го проверам, ќе го држам познаникот/колегата на збор, колата не е удирана, сите спојки се како што треба. Бев со роднина кој вози иста таква алфа, и тој го констатираше истото.
И двајцата возат ист мотор, али неговата што ја има влече повеќе ( седна да ја проба), оваа што сакам да ја земам влече послабо за разлика од неговата. Но тоа е ради DPF-от, тој изгледа нема, додека оваа што ќе ја земам има.
Инаку моментално не светеше check engine (изгледа прегорела сијаличката :D ).
Она што е правено во неа, ќе го повторам, сменето друк лагер, потисна и ламела, нов акумулатор, сменето десна вилушка од друга половна алфа, има нови амортизери.
Малце како да има цвилење на десната страна на колата, тоа било некоја гумица која треба да се подмачка, бидејќи кога е врнежливо немало никаков звук, и роднината ми го потврди истото.
17ки бандажи со  2 сезони возени гуми, кожен ентериер, паркинг сензори, двозонска клима, темпомат,
1.9 JTDM 150ks, 2006 производство, 2007 прва регистрација, светло сина боја има голем и мал сервис правено пред 7 000 километри, колата е регистрирана до фебруари 2020 ( мада јас до крајот на декември и нема да ја возам подалеку од населба, пошто до тогаш се водам како возач почетник иако не сум баш многу млад :D ).
Ова го добивам за 3200е. Пониско од ова не пушта ништо.
Така да со моите анализи, подобро и не многу поново количе ќе ме чини некаде околу 6500-7000 евра ( Astra J, Golf 6). Така да мислам дека е солидна зделка како за овој модел на алфа, а општо  и како бренд, највеќе се добива за таа цена.
Со Господ напред, од утре ќе станам и јас Алфиста  8)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44364
  • Il Moderatore
Одг: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm
« Одговори #38 на: 02 Октомври 2019, 18:46:13 pm »
Со среќа нека е :) DPF-от, распрашај се, има низ скопје (верувам и на други места низ мк) луѓе со машини за чистње, па ако можеш исчисти го. Јас не би го вадел, освен ако не е најнеопходно.
Отстапка во километражата до она што е на инструмент таблата е нормална, но не е показател дека е реална километражата, има други параметри, на пример работни часови на ербег компјутерот и слични параматри кои можеби може да откријат „превара“ (на пример ако има повеќе работни часови од некој просек од 30км/ч, тогаш треба да се подзамислиш...)...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm
« Одговори #39 на: 02 Октомври 2019, 18:52:56 pm »
Ајде аирлија. Со здравје да се вози, па паркирај во гаража.

Отсутен Војвода

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 45
Одг: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm
« Одговори #40 на: 02 Октомври 2019, 19:04:27 pm »
Со среќа нека е :) DPF-от, распрашај се, има низ скопје (верувам и на други места низ мк) луѓе со машини за чистње, па ако можеш исчисти го. Јас не би го вадел, освен ако не е најнеопходно.
Отстапка во километражата до она што е на инструмент таблата е нормална, но не е показател дека е реална километражата, има други параметри, на пример работни часови на ербег компјутерот и слични параматри кои можеби може да откријат „превара“ (на пример ако има повеќе работни часови од некој просек од 30км/ч, тогаш треба да се подзамислиш...)...

Кажуваше човекот, пошто он прави chip tuning  на коли, а и по зборењето ми делува дека се разбира доста добро. Дека dpf-от со тек на време внатрешната структура поради дотраеност  се губи, и дека честичките дури и покрај чистење, поради самата дотраеност многу брзо пак ќе се запуши и пак ништо не си направил. Решение само вадење, или нов филтер. 
Колегава од кого сакам да ја земам исто и он ми вели дека и тој не би го вадел ДПФ, но дечкото со дијагностика ми кажа, ако не планирам да го вадам ризикувам да ја зезнам и турбината која е добра, нешто  демек можело да го врати притисокот назад и да скрши нешто во турбината.
Така да, не дека не сум еколошки настроен, али повторно самата смисла на ДПФ и ми нема некоја смисла, сите честички се собираат на него, и на одреден интервал повторно ги враќаш назад во природата преку регенерација, со тоа што си приморен на одреден интервал на возиш на отворен пат дури и кога немаш потреба.

Инаку совет за нафта ? Со неколку лица што зборев, вклучително и сопственикот на алфата па и други што ги познавам, ми велат исклучиво Макпетрол. Човекот со дијагностикава ми вели Лукоил.
Од она што го имам читано порано, некои велат со нафта од лукоил поминуваш повеќе километри, додека со онаа од Макпетрол помалку, но пак колата влече малку повеќе.
Сопственикот на алфава 3-4 години става нафта исклучиво од Макпетрол, и еве дизниве иако common rail, се доста добри, како за 12-13 години стара кола.

Присутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5197
Одг: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm
« Одговори #41 на: 02 Октомври 2019, 19:11:25 pm »
Не е муабетот дали си еколошки настроен. Bottom line е дали сакаш тоа да го дишат: твоето семејство, твоето дете, твоето внуче, да го дишеш ти... Стварно нема смисла како димат колите по улициве. Далеку од тоа дека не чини колата немој грешно да ме разбереш(не ме чуди да е за менување дпф-от, на меганот во упатството како бројка стоеше 160 000км предвиден рок на траење дека е), ама стварно нема смисла се испоотрувме меѓу себе еден со друг. Види разгледај колку е да го исчистиш или да го смениш со нов. Јас кога гледав за меган 2 беше 350евра од босал, ама збориме за цена во европа.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4018
Одг: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm
« Одговори #42 на: 02 Октомври 2019, 19:13:19 pm »
Tука имаат машина за чистење на ДПФ. Го демонтираат од кола го чистат и го враќаат. Цена не знам ама знам дека турбо работаат.

https://www.google.mk/maps/place/Centar+za+Dekarbonizacija+na+motor/@41.9706753,21.4468866,18z/data=!4m5!3m4!1s0x135415df6a38c833:0x99dfbced9949c9b3!8m2!3d41.9706755!4d21.4470519
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1879
Одг: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm
« Одговори #43 на: 02 Октомври 2019, 19:22:33 pm »
Мислам дека не е исто кога ќе ги исфрли директно без дпф и кога ќе ги согори штетните честички заробени од дпф филтерот. Да беше исто, немаше да постои.

За вадење, се слуша дека е затегнато на технички, па ризикуваш да не ти помине колата.

П.С. Кога веќе не можете да ги одржувате дизелите, а претпоставувам нема ни да поминуваш по 20-30к км годишно, зошто не си зимате бензинец на плин конвертиран?
Поевтин сервис, немаш проблеми со запушен ДПФ, на плин возењето ќе те фати поевтино и од дизел.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7214
  • French diamond
Одг: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm
« Одговори #44 на: 02 Октомври 2019, 21:46:29 pm »
Возењето на пљин е буквално без пари, кога со 1.8 116 коња со 1000 денари се врват 450 до 500 километри, можам да замислам колку би било со количе од 60-90 коња...гратис  :) Со веспата 100 километри, ми испаѓа исто пари т.е +- 20 денари, споредено со Мегането на лпг.
 
Сервис, 1 000 денари на 10 000 километри.Досега за поминати 36К км на плин, немало несакани и нус ефекти, али секој со паметот.