Moмци јас сум благодарен за вашите мислења, и ми значат, имате искуство кое може да помогне.
Колата на дијагностика јас немам зошто да ја носам, бидејќи прво немаме договор околу цената.
Второ, во очите на сопственикот на кој на сервис му кажале, вози си ја, немаш гајле, DPF ти е здрав и си работи, немаш зошто да го вадиш филтерот, бидејќи за да не ти свети сијаличката ќе мораш да го извадиш.
Он си ја вози колата 3 или 4 години така, и си гледа дека нема апсолутно никаков проблем со моторот, колата си влече си троши нормално, си работи нормално, ја вози на автопат и сијаличката му се гаси и тоа е тоа. А ако има стварно некој проблем за правење, тој ќе го појави во самиот борд компјутер, сијаличката за него е сензор, и се додека не се појави во бордот некоја грешка нема проблем. И во неговите очи, колата нема никаков проблем.
Со носење на дијагностика, он ќе го слушне најверојатно истото што го слушнал и последниот пат, дека колата нема проблем, тоа е грешка ради DPF, колата нема мака, супер си е. А тоа што ќе го каже сервисерот, е колку да земе пари. Неговата согласност околу дијагностиката е само заради мене колку да се уверам дека нема друг проблем.
Он не спушта дополнително цена, да речеме 3000, па ако дпф е проблем и треба да се извади да си ја покријам сам таа сума. Но он смета дека колата си вреди 3400, и тоа е тоа нема договор, нема ни поента.
Можеби е во право, а можеби не е и ќе го изедам стапот во иднина, затоа не се нафаќам за таа сума.
Доволна ми е потврдата тука дека ова нешто не е нормално, и дека не треба да е така, а уште почудно ми е зошто немал никакви дополнителни проблеми кои произлегуваат од првиот проблем, и во потрошувачка или во снага и слично.