Автор Тема: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm  (Прочитано 33666 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm
« Одговори #15 на: 27 Септември 2019, 19:44:05 pm »
Пред да се одлучам да го купам дизелот се изначитав за дпф.
Еден куп различни изведби и начин на сигнализација во зависност од брендот и година на производство. И што е најинтересно, многу штури информации во самите упатства од возилата.
Во принцип, дпф се регенерира на три начини, пасивно, активно, и присилно и во основа е потребно да се постигне одредена температура на издувните гасови за да може да согори саѓето.
Од таа причина го монтираат што е можно поблиску до издувната грана, односно, гасовите да поминуваат пократок пат до дпф.

На автопат, со подолго возење помалку се создаваат саѓе и температурата на издувните гасови е повисока што овозможува да се согори претходно акумулираното саѓе. Тоа е пасивна регенерација и е различно успешна во зависност за кој бренд се работи.

Во град, со кратки релации се создава повеќе саѓе и по извесно време се полни дпф_от и се покренува активна регенерација. Е тука веќе има големи разлики кај брендовите во однос начин на сигнализација (дали и кога ќе светне знакчето што го посочи Симо во постот подоле) и начин на покренување на регенерацијата.

Присилна регенерација се прави на сервис.

Да не ги спомнувам и другите фактори како уље, гориво, исправност на сите сегменти од моторот...
« Последно менување: 27 Септември 2019, 19:54:32 pm Mikius »

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44364
  • Il Moderatore
Одг: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm
« Одговори #16 на: 27 Септември 2019, 19:50:11 pm »

Чекај уште еднаш, очигледно не бев доволно јасен, па го повторуваш постот, ама добро го прочитав и првиот пат, не се секирај ;)
Значи битно е точен код на грешка. DPF е сложен систем, има сензори, има вакуумски црева, има мерење на диференцијален притисок, има мерење на температура... „некоја грешка со дпф“ не кажува ништо. Многу е битен кодот на грешката, па да се види од каде да тргне со барање на проблемот. Дури и отчитување на самиот код на грешка, не значи автоматски дека ќе те доведе до проблемот.
Со други зборови ова не е типичен и нормален проблем за оваа генерација на 147ци ?
Она што ми е чудно е зошто и сервисерот му рекол ништо не и е, терај си. И еве 3-4 години си тера, ниту троши повеќе, ниту е потромава. И ме чуди исто така и зошто се губи после возење на автопат ? Тоа делува како да се работи за некаква  регенерација.
Засега се откажав од нејзе,  пошто испаѓа дека погрешно сме се разбрале за цената, сепак е 3400 но може да биде и 3200, ако јави некој друг проблем сем тоа со дпф-от, па тој попуст е за да се санира тој проблем.


Не, не е типичен и нормален проблем (уствари, на ниедна кола не е типичен проблем да свети „чек енџин“). Кога треба регенрација, на 147 би требало да светне жолто стилизирано казанче овакво:


Кога би знаеле точно што е проблемот, би знаеле приближно и колку пари би коштало решението, па да си видиш дали вреди или не.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5197
Одг: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm
« Одговори #17 на: 27 Септември 2019, 20:01:04 pm »
Na rabota imame doblo so istiot motor go iskinavme od vozenje. imame preku 450 000km i nikogas nema svetnato bilo kakva greska za DPF

Sent from my Redmi 5 Plus using Tapatalk


Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7214
  • French diamond
Одг: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm
« Одговори #18 на: 27 Септември 2019, 20:21:02 pm »
Според мене, со се исправно не вреди 3200/3400 €. Разгледај ги цените на 147, далеку пониски од таа се.

А ако ти се дават толку пари, ете ти форумска

http://m.reklama5.mk/AdDetails/Index?ad=3207979

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6001
Одг: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm
« Одговори #19 на: 27 Септември 2019, 20:33:26 pm »
На мене на фиато не свете никаква ламба кога има регенерација,потрошувачката се зголемува за 100% и знам оти има регенерација,трае некој 15 мин на 3000грм

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk


Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm
« Одговори #20 на: 27 Септември 2019, 20:49:18 pm »

На автопат, со подолго возење помалку се создаваат саѓе и температурата на издувните гасови е повисока што овозможува да се согори претходно акумулираното саѓе. Тоа е пасивна регенерација и е различно успешна во зависност за кој бренд се работи.


На автопат со подолго возење пасивна регенерација нема да се случи ако возиш 130км/ч константно. Ти вози ако сакаш 600км така пасивна регенерација скоро е невозможна. Веќе на озбилни брзини над 160 или па како што реков возење полна гас на долги угорници правиш пасивна регенерација но е маргинална од аспект на колку грама гареж си изгорил преку дпф-то. Активната регенерација што се случува на секои 400-800км е постојана и да, таа може да се случи на автопат, сеедно.

Единствено да дознаеш кога се случува активна регенерација е ако ти се погоди колата да е во лер (на семафор на пример) обртаите се качуваат до 950-1000 и моторот има маалце по-груб звук, но тоа не трае повеќе од 10тина минути и кога ќе заврши сето тоа гарежот во дпф се враќа од 23-24грама на 4-5 грама и се така цело време :)

А светнување на сијаличе е голем проблем.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm
« Одговори #21 на: 27 Септември 2019, 21:13:07 pm »
Како што напишав, зависи кој бренд кола.

Тоа што го напиша го имам читано за VW колите. Многу погрдни зборови имам прочитано за vw во однос на тоа како да знаат возачите дека се створиле услови за активна регенерација и дека истата се покренала без да има индикатор за да не ја прекинуваат паркирајки се дома во двор,
И други брендови го имаа истиот проблем, да не ме разбереш погрешно :)

Што се однесува до долговечноста на дпф, се смета дека во идеални услови на експлоатација на возилото треба да го надживее моторот во секој поглед, ама ако се вози строго во град, тешка работа.

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1138
Одг: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm
« Одговори #22 на: 27 Септември 2019, 21:24:04 pm »
Постирај линк ако ја има на огласи да видиме за која алфа станва збор  ::)

Отсутен Војвода

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 45
Одг: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm
« Одговори #23 на: 28 Септември 2019, 00:54:59 am »
Постирај линк ако ја има на огласи да видиме за која алфа станва збор  ::)

Иста е како твојата во боја, само со кожен ентериер. ја нема по огласи инаку.


Не, не е типичен и нормален проблем (уствари, на ниедна кола не е типичен проблем да свети „чек енџин“). Кога треба регенрација, на 147 би требало да светне жолто стилизирано казанче овакво:
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Кога би знаеле точно што е проблемот, би знаеле приближно и колку пари би коштало решението, па да си видиш дали вреди или не.

Според тебе, решението на овој проблем би чинело од - до ?

Sent from my SM-G975F using Tapatalk
« Последно менување: 28 Септември 2019, 04:53:33 am Војвода »

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
Одг: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm
« Одговори #24 на: 28 Септември 2019, 07:52:40 am »


Кога би знаеле точно што е проблемот, би знаеле приближно и колку пари би коштало решението, па да си видиш дали вреди или не.

Според тебе, решението на овој проблем би чинело од - до ?

Sent from my SM-G975F using Tapatalk



Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm
« Одговори #25 на: 28 Септември 2019, 08:38:14 am »
1евро е решението. Изолир трака врз сијаличето.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44364
  • Il Moderatore
Одг: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm
« Одговори #26 на: 28 Септември 2019, 08:58:07 am »
Постирај линк ако ја има на огласи да видиме за која алфа станва збор  ::)

Иста е како твојата во боја, само со кожен ентериер. ја нема по огласи инаку.


Не, не е типичен и нормален проблем (уствари, на ниедна кола не е типичен проблем да свети „чек енџин“). Кога треба регенрација, на 147 би требало да светне жолто стилизирано казанче овакво:
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Кога би знаеле точно што е проблемот, би знаеле приближно и колку пари би коштало решението, па да си видиш дали вреди или не.

Според тебе, решението на овој проблем би чинело од - до ?

Sent from my SM-G975F using Tapatalk


Ме зае*ааш? Од 0 до 1500 евра отприлика...


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm
« Одговори #27 на: 28 Септември 2019, 09:39:17 am »
@Војвода

Мислам дека треба да си ги сфатиш сериозно прашањата што ти ги кажува Симо, ако сакаш сериозно да пристапиш на проблематиката.

Значи, клучно е колата да се стави на дијагностика.

Се останато овде, се муабети од Sesame Street.
Ако и ти и колата сте од Скопје, одете кај некој што може да се ти преведе што вели дијагностика.

Околу цената, по мене е сосема коректна. Сепак станува збор за кола што е одржувана и возена од една иста личност неколку години. Е сеа какви делови се ставани, друг муабет. Ја знаеш, не ја купуваш од плац.
Затоа, за 1000 ден дијагностика и проверка, не си комплицирај нерви и време.

Отсутен Војвода

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 45
Одг: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm
« Одговори #28 на: 28 Септември 2019, 15:33:09 pm »
Moмци јас сум благодарен за вашите мислења, и ми значат, имате искуство кое може да помогне.
Колата на дијагностика јас немам зошто да ја носам, бидејќи прво немаме договор околу цената.
Второ, во очите на сопственикот на кој на сервис му кажале, вози си ја, немаш гајле, DPF ти е здрав и си работи, немаш зошто да го вадиш филтерот, бидејќи за да не ти свети сијаличката ќе мораш да го извадиш.
Он си ја вози колата 3 или 4 години така, и си гледа дека нема апсолутно никаков проблем со моторот, колата си влече си троши нормално, си работи нормално, ја вози на автопат и сијаличката му се гаси и тоа е тоа. А ако има стварно некој проблем за правење, тој ќе го појави во самиот борд компјутер, сијаличката за него е сензор, и се додека не се појави во бордот некоја грешка нема проблем. И во неговите очи, колата нема никаков проблем.
Со носење на дијагностика, он ќе го слушне најверојатно истото што го слушнал и последниот пат, дека колата нема проблем, тоа е грешка ради DPF, колата нема мака, супер си е. А тоа што ќе го каже сервисерот,  е колку да земе пари. Неговата согласност околу дијагностиката е само заради мене колку да се уверам дека нема друг проблем.
Он не спушта дополнително цена, да речеме 3000, па ако дпф е проблем и треба да се извади да си ја покријам сам таа сума. Но он смета дека колата си вреди 3400, и тоа е тоа нема договор, нема ни поента.
Можеби е во право, а можеби не е и ќе го изедам стапот во иднина, затоа не се нафаќам за таа сума.
Доволна ми е потврдата тука дека ова нешто не е нормално, и дека не треба да е така, а уште почудно ми е зошто немал никакви дополнителни проблеми кои произлегуваат од првиот проблем, и во потрошувачка или во снага и слично.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm
« Одговори #29 на: 29 Септември 2019, 10:03:59 am »
Изгледа погрешно си не сфатил, ако може да си дозволам да пишувам во име и на недои др членови.

Никој не рече дека нешто тука не е нормално. Рековме, дај да се закачи на дијагностика па ќе видиме. Колку за инфо, грешки не секогаш се даваат на борд, или пак ср даваат па после сијаличката се гаси. Разликата од бордот до дијагностика е тоа што бордот ја дава моменталната состојба а дијагностиката минатата и сегашната. Тоа е голема разлика. Башка што има разлика од дијагностика до дијагностика. Алфа 147 користи ОБД и ККЛ протоколи за комуникација. Затоа и те прашав кај ја носел колата.

Можеби го тупиме многу, ама јбг. А тие 200е што ви се разлика, поделете ги и готово.
Ама прво чекор по чекор.