Ако се пали сијаличето често за дпф, ондак тури му ку*от. ДПФ-то има животен век до кај 300.000км, нормално може да биде тоа и повеќе а и помалку зависи од многу работи.
Проблемот е веројатно дека дпф-то е запушено поради пепелта. Од моментот кога возиш кола со дпф, тој се пуни и има граница обично во грами или милилитри каде што се проверува во дијагностика колку е полн, и таму све си пишува. Полнењето од пепелта е уствари резултат од самиот blowby на моторот односно од уљето, затоа и се користат масла за дпф со многу ниско ниво на пепел.
Регенерацијата се случува кога дпф-то обично се има наполнето со 20тина грама soot (на македонски ќе му дојде гареж?!) и тогаш си иде активна регенерација дур возиш а најчесто возачот нема појма за тоа. Сијаличето за дпф се пали кога неколку пати оваа регенерација за која ти немаш појма не завршила 100% поради икс причини (си го исклучил моторот, дпф-то е во дефект итн.) односно веќе има немаа 20тина грама гареж во дпф-то туку многу повеќе, околу 45грама што е многу лошо. Сијаличето ти е последна шанса да возиш константно и да се изгори гарежот. Ама како што кажав скоро сум сигурен дека се работи за старо возило со огромна километража (многу веројатно повеќе од оригиналната) и ДПФ-то е полн од самата пепел и веќе физички нема место за гарежот да се сконцентрира и после да се изгори при вожња.
Веќе почнаа на пример од ваг да продаваат и поефтини варијанти на ДПФ (економи клас) кои што веќе стигаат цена од 500 евра што е многу многу поевтино за разлика од нов дпф. Разликата не е во издржливоста туку надворешно какви материјали се користени итн.
Има тука многу митови околу дпф демек почесто возење на отворено било супер за дпф-то, а уствари со брза и агресивна вожња на отворено ти правиш само побрзо да се наполни дпф-то за регенерација. Доколку некој возел автомобил поврзан на компјутер ќе види дека пасивната регенерација се случува многу многу ретко, буквално треба на некое брдо колата да ја возиш полна гас и притоа горењето на гареж е минимално, дали 1 или 2 грама, додека со активна регенерација тоа се случува на секои 400-800км и на исправен дпф трае не повеќе од 10тина минути и како што кажав возачот 99% нема појма дека тоа се случува.
Така да, за 3200 евра ако толку ти е мерак за алфа земи си бензинче или вади го дпф-то ама како што гледате има се повеќе контроли при технички може и ќе го јадеш во иднина.
Најхејтани мотори се уствари бензиците на алфата, такво нешто ни под разно не би земал.
Ќе напоменам повторно еден момент. Дечкото ми гарантира дека доколку искочиме на автопат и се повозиме неколку километри, дека сијаличето ќе се изгасне и нема да се упали во наредни 700-800км.
Тоа значи дека филтерот се регенерирал успешно ?
Он ми вели дека не го извадил од простра причина, што го советувале да не го вади, бидејќи си работи како што треба. Дури и со упалено сијаличе колата му троши 7.5-8 максимум низ град, 5 и нешто на отворено. Што е стандардна потрошувачка за ова возило како што можам да видам.
Јас не сум мераклија искрено нешто посебно на алфи, скоро сите ги хејтаат, али познаников ми пушти вода, и кога влегов во колата и кога видов за тие пари што се добива, останав со отворено уста.
Голф 5ка, Сеат Леон,можат вода да носат, поготово за таа цена. Можда за 5-6 илјади евра, да има и подобри голф 5ки, или барем во таа класа со опрема. Се возев и во Leon FR купен 6к бона, и потапа е внатре каде каде споредено со алфата, вожњата е потврда каде, и по мене иако е двојно поскап, потапа е во целина споредено со алфата.
Алфата колку толку е од човек, кој е алфист и си ја сака колата, ја продава поради селидба надвор од државата, си ја с ервисирал си ја пазел и сето тоа, е сеа колку тоа е 100% вистина, не би знаел.
Има 215к километри, и се реални според негова проверка во компјутер. Колата прва регистрација има во 2007, увезена кај нас од швицарска со 170к, дечково ја купил ако не се лажам 2015-2016.
Друго за технички преглед, она што ми има логика, а и што ми нема истовремено е следново, ако јас со изваден ДПФ, пример не поминам технички, колку од лицата што возат дизел автомобили над 2006 година, исто така возат со изваден ДПФ ?
Ако загадувањето е поголемо без ДПФ, колку е тоа навистина поголемо ? како Еуро 4 ? Еуро 3?
Ако е како ЕУРО 3, значи дека ниедна голф 3/4 нема да помине регистрација ? Или останатите постари дизелаши ? Еве колега со Фокус дизелаш од 98ма, на технички му кажале дека загадувањето му е во нормални граници.
Ако не поминуваат сите тие коли технички, значи дека регистрацијата за барем 50% од автомобилите нема да биде успешна, што значи помалку пари за државна каса, помалку пари за сервисите и продавниците што продаваат авто делови, помалку пари за самите технички центри за регистрација.
Така да, и едното држи вода, ама истовремено и не држи вода.