Автор Тема: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm  (Прочитано 33680 пати)

Отсутен Војвода

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 45
Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm
« на: 25 Септември 2019, 14:21:15 pm »
Поздрав Момци, ме интересира од Алфашите мислење и искуство за горенаведениот модел со 110kw/150ks, 2006/7 година.

Сакам да ја купам од Познаник/Пријател, но проблемот е во тоа што откако ја има купено ( 3-4 години ), му свети Check Engine сијаличката, се додека не ја повози на автопат каде што му ја снемува и после некои 700-800км градска вожња повторно му светнува.
Според неговите тврдења, кога ја ставил на компјутер му јавува грешка поради DPF , и кога ќе ја вози на автопат 50тина км, се гаси самата сијаличка. Притоа колата не му влече послабо, односно си функционира нормално.

Е сега, јас како што можев да прогуглам, ако има некој проблем со DPF треба да светне соодветна сијаличка за самиот DPF, не check engine сијаличката ?

Буквално истата кола ја има и еден мој Братучед, ист временски период, никогаш не му светнала check engine сијаличката, притоа не е изваден DPF барем од него не, а купена е од плац,

Какви се вашите искуства во овој поглед, дали ова е типична мана за 147 ? Во смисол бордот да “греши нешто“ ?

Секако пред да ја земам ќе ја носам кај Жаре за некој ден, но сакам да прочитам и конкретни искуства на корисници.

Отсутен Војвода

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 45
Одг: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm
« Одговори #1 на: 27 Септември 2019, 14:06:46 pm »
Од толку алфисти ни еден нема да каже нешто за DPF-от ? Дали на сите ви се извадени или така ги возите ?
Кога му треба на човек навистина искуство од други луѓе, нигде ве нема. xD

Sent from my SM-G975F using Tapatalk

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11810
  • Архитект
Одг: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm
« Одговори #2 на: 27 Септември 2019, 14:19:18 pm »
Јас немам дпф. Таква е фабрички.
Сум немал до сега сијаличка на борд check engine или слично нешто.

@Simo - Carrier159 ако знае нешто повеќе.

Отсутен Баги

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 794
Одг: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm
« Одговори #3 на: 27 Септември 2019, 14:24:53 pm »
дури и кога не свети check engine, компјутерот чува log од сите грешки што се случиле претходно. за да бидеш сигурен, однесете ја на дијагностика нека ги прочитаат сите грешки што се логирани и ќе знаеш точно зошто се пали  check engine light

Отсутен Војвода

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 45
Одг: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm
« Одговори #4 на: 27 Септември 2019, 14:55:40 pm »
Дури и кога причината навистина би била поради DPF, познаникот од којшто сакам да ја купам  вели дека он ја носи на автопат се регенерира филтерот и наредни 700-800км не се пали.
Еден од сервисерите за алфи по телефон ми вели ако навистина е проблемот DPF, тогаш таа кола не смее да се вози и тој треба да се извади трајно или да се прочисти а тоа чистење со вадење и ставање чинело 200 евра.
Затоа сакав искуство, дали други што им свети Check Engine, и притоа имаат DPF, и на дијагностика се потврдува дека е DPF, дали си ја возите така или DPF OFF или чистење ?
Притоа ако е DPF off ( отстранет), дали е можно да има проблеми на технички при регистрација или слично ?
Во брзање сум малку, па ми се потребни овие информации.
Како и на пример дали горенаведениот модел со 150ks, кожни седишта, паркинг сензори, електрика на прозори и ретровизори, темпомат, двозонска клима, алуминиумски 17ки со 2 сезони возени летни гуми вреди 3200е ? Значи возена е некои 3-4 години тука, голем сервиси има направено, предницата како демек средена, регистрација има уште 4 месеци.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm
« Одговори #5 на: 27 Септември 2019, 15:20:41 pm »
Ако се пали сијаличето често за дпф, ондак тури му ку*от. ДПФ-то има животен век до кај 300.000км, нормално може да биде тоа и повеќе а и помалку зависи од многу работи.

Проблемот е веројатно дека дпф-то е запушено поради пепелта. Од моментот кога возиш кола со дпф, тој се пуни и има граница обично во грами или милилитри каде што се проверува во дијагностика колку е полн, и таму све си пишува. Полнењето од пепелта е уствари резултат од самиот blowby на моторот односно од уљето, затоа и се користат масла за дпф со многу ниско ниво на пепел.

Регенерацијата се случува кога дпф-то обично се има наполнето со 20тина грама soot (на македонски ќе му дојде гареж?!) и тогаш си иде активна регенерација дур возиш а најчесто возачот нема појма за тоа. Сијаличето за дпф се пали кога неколку пати оваа регенерација за која ти немаш појма не завршила 100% поради икс причини (си го исклучил моторот, дпф-то е во дефект итн.) односно веќе има немаа 20тина грама гареж во дпф-то туку многу повеќе,  околу 45грама што е многу лошо. Сијаличето ти е последна шанса да возиш константно и да се изгори гарежот. Ама како што кажав скоро сум сигурен дека се работи за старо возило со огромна километража (многу веројатно повеќе од оригиналната) и ДПФ-то е полн од самата пепел и веќе физички нема место за гарежот да се сконцентрира и после да се изгори при вожња.

Веќе почнаа на пример од ваг да продаваат и поефтини варијанти на ДПФ (економи клас) кои што веќе стигаат цена од 500 евра што е многу многу поевтино за разлика од нов дпф. Разликата не е во издржливоста туку надворешно какви материјали се користени итн. 

Има тука многу митови околу дпф демек почесто возење на отворено било супер за дпф-то, а уствари со брза и агресивна вожња на отворено ти правиш само побрзо да се наполни дпф-то за регенерација. Доколку некој возел автомобил поврзан на компјутер ќе види дека пасивната регенерација се случува многу многу ретко, буквално треба на некое брдо колата да ја возиш полна гас и притоа горењето на гареж е минимално, дали 1 или 2 грама, додека со активна регенерација тоа се случува на секои 400-800км и на исправен дпф трае не повеќе од 10тина минути и како што кажав возачот 99% нема појма дека тоа се случува.

Така да, за 3200 евра ако толку ти е мерак за алфа земи си бензинче или вади го дпф-то ама како што гледате има се повеќе контроли при технички може и ќе го јадеш во иднина.

Отсутен Војвода

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 45
Одг: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm
« Одговори #6 на: 27 Септември 2019, 15:46:05 pm »

Најхејтани мотори се уствари бензиците на алфата, такво нешто ни под разно не би земал.
Ќе напоменам повторно еден момент. Дечкото ми гарантира дека доколку искочиме на автопат и се повозиме  неколку километри, дека сијаличето ќе се изгасне и нема да се упали во наредни 700-800км. 
Тоа значи дека филтерот се регенерирал успешно ?
Он ми вели дека не го извадил од простра причина, што  го советувале да не го вади, бидејќи си работи како што треба. Дури и со упалено сијаличе колата му троши 7.5-8 максимум низ град, 5 и нешто на отворено. Што е стандардна потрошувачка за ова возило како што можам да видам.
Јас не сум мераклија искрено нешто посебно на алфи, скоро сите ги хејтаат, али    познаников ми пушти вода, и кога влегов во колата и кога видов за тие пари што се добива, останав со отворено уста.
Голф 5ка, Сеат Леон,можат вода да носат, поготово за таа цена. Можда за 5-6 илјади евра, да има и подобри голф 5ки, или барем во таа класа со опрема. Се возев и во Leon FR купен 6к бона, и потапа е внатре каде каде споредено со алфата, вожњата е потврда каде, и по мене иако е двојно поскап, потапа е во целина споредено со алфата.
Алфата колку толку е од човек, кој е алфист и си ја сака колата, ја продава поради селидба надвор од државата, си ја с ервисирал си ја пазел и сето тоа, е сеа колку тоа е 100% вистина, не би знаел.
Има 215к километри, и се реални според негова проверка во компјутер. Колата прва регистрација има во 2007, увезена кај нас од швицарска  со 170к, дечково ја купил ако не се лажам 2015-2016.

Друго за технички преглед, она што ми има логика, а и што ми нема истовремено е следново, ако јас со изваден ДПФ, пример не поминам технички, колку од лицата што возат дизел автомобили над 2006 година, исто така  возат со изваден ДПФ ?
Ако загадувањето е поголемо без ДПФ, колку е тоа навистина поголемо ? како Еуро 4 ? Еуро 3?
Ако е како ЕУРО 3, значи дека ниедна голф 3/4 нема да помине регистрација ? Или останатите постари дизелаши ?  Еве колега со Фокус дизелаш од 98ма, на технички му кажале дека загадувањето му е во нормални граници.
Ако не поминуваат сите тие коли технички, значи дека регистрацијата за барем 50% од автомобилите нема да биде успешна, што значи помалку пари за државна каса, помалку пари за сервисите и продавниците што продаваат авто делови, помалку пари за самите технички центри за регистрација.
Така да, и едното држи вода, ама истовремено и не држи вода.
« Последно менување: 27 Септември 2019, 15:52:36 pm Војвода »

Присутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5197
Одг: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm
« Одговори #7 на: 27 Септември 2019, 16:17:13 pm »
Zobikoli ja kolata osnosno baraj si druga. Da bila vo red check nemalo da sveti. Prikaski os tipot treba da se resetira, treba da se izvozi, itn... Ke te kostaat samo povekje pari i na kraj kuznae dali se ke bide kako sto treba.

Sent from my Redmi 5 Plus using Tapatalk

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6001
Одг: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm
« Одговори #8 на: 27 Септември 2019, 16:48:04 pm »
Дпф офф,егр офф комплет со кршење дпф 100€.
Незнам шо се плашите толку...

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm
« Одговори #9 на: 27 Септември 2019, 17:00:12 pm »
Ако толку ти прави мерак колата, земи ја ама спушти му на цена ете барем за чистење на DPF-от (ако стварно има опција да се чисти).

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6001
Одг: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm
« Одговори #10 на: 27 Септември 2019, 17:40:16 pm »
Јас го чистев,ништо посебно,еве го скоро 2 години работи ок,само со нашата нафта има премногу регенерации,танкам од макпетрол.

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44364
  • Il Moderatore
Одг: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm
« Одговори #11 на: 27 Септември 2019, 18:33:41 pm »
Не свети „check engine“ од DPF на кој што му дошло време за регенерација. Дијагностика со точен код на грешка прати, па да пробаме нешто да „изгатаме“ на форумов. Вака со „свети чек енџин, газдата вика ок е“, ништо не праиме. Што би рекол Фетел „we have balls, but none of them are crystal". Ако му била таква од почеток, зошто не го решил проблемот овие 2-3 години колку што ја има колата. И онака ја носел да му средат предница, да му сменат ремени, можеле да се позанимаваат и со тоа...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Војвода

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 45
Одг: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm
« Одговори #12 на: 27 Септември 2019, 18:56:45 pm »
Не свети „check engine“ од DPF на кој што му дошло време за регенерација. Дијагностика со точен код на грешка прати, па да пробаме нешто да „изгатаме“ на форумов. Вака со „свети чек енџин, газдата вика ок е“, ништо не праиме. Што би рекол Фетел „we have balls, but none of them are crystal". Ако му била таква од почеток, зошто не го решил проблемот овие 2-3 години колку што ја има колата. И онака ја носел да му средат предница, да му сменат ремени, можеле да се позанимаваат и со тоа...
Мислам дека го спомнав тоа и во првиот пост, ја ставил на дијагностика и како грешка уште тогаш му јавил DPF. Сервисот го советувал да не го вади филтерот, пошти си работел, и затоа така си ја возел. Пак сега скоро ја ставил на дијагностика, истото му го јавило.
Со возење на автопат се гаси сијаличката, и после неколку стотици километри пак јавува назад.
Инаку колата му влече нормално, нема димење ништо, ниту зголемена потрошувачка, просек 7.5, 8 со клима.
А проблемот се решавал трајно само со вадење на дпф-от, другачије не.
Затоа и пишав тука, дпф се проблематични, и сигурно и другите  корисници на овој бренд имале мака со него, па што како се случува, чисто како искуство.
Ете  и да не ја земам таа, ако идам по друга чисто да си знам.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44364
  • Il Moderatore
Одг: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm
« Одговори #13 на: 27 Септември 2019, 19:07:42 pm »
Не свети „check engine“ од DPF на кој што му дошло време за регенерација. Дијагностика со точен код на грешка прати, па да пробаме нешто да „изгатаме“ на форумов. Вака со „свети чек енџин, газдата вика ок е“, ништо не праиме. Што би рекол Фетел „we have balls, but none of them are crystal". Ако му била таква од почеток, зошто не го решил проблемот овие 2-3 години колку што ја има колата. И онака ја носел да му средат предница, да му сменат ремени, можеле да се позанимаваат и со тоа...
Мислам дека го спомнав тоа и во првиот пост, ја ставил на дијагностика и како грешка уште тогаш му јавил DPF. Сервисот го советувал да не го вади филтерот, пошти си работел, и затоа така си ја возел. Пак сега скоро ја ставил на дијагностика, истото му го јавило.
Со возење на автопат се гаси сијаличката, и после неколку стотици километри пак јавува назад.
Инаку колата му влече нормално, нема димење ништо, ниту зголемена потрошувачка, просек 7.5, 8 со клима.
А проблемот се решавал трајно само со вадење на дпф-от, другачије не.
Затоа и пишав тука, дпф се проблематични, и сигурно и другите  корисници на овој бренд имале мака со него, па што како се случува, чисто како искуство.
Ете  и да не ја земам таа, ако идам по друга чисто да си знам.

Чекај уште еднаш, очигледно не бев доволно јасен, па го повторуваш постот, ама добро го прочитав и првиот пат, не се секирај ;)
Значи битно е точен код на грешка. DPF е сложен систем, има сензори, има вакуумски црева, има мерење на диференцијален притисок, има мерење на температура... „некоја грешка со дпф“ не кажува ништо. Многу е битен кодот на грешката, па да се види од каде да тргне со барање на проблемот. Дури и отчитување на самиот код на грешка, не значи автоматски дека ќе те доведе до проблемот.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Војвода

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 45
Одг: Мислење за можен проблем со Alfa Romeo 147 1.9 JTDm
« Одговори #14 на: 27 Септември 2019, 19:19:44 pm »

Чекај уште еднаш, очигледно не бев доволно јасен, па го повторуваш постот, ама добро го прочитав и првиот пат, не се секирај ;)
Значи битно е точен код на грешка. DPF е сложен систем, има сензори, има вакуумски црева, има мерење на диференцијален притисок, има мерење на температура... „некоја грешка со дпф“ не кажува ништо. Многу е битен кодот на грешката, па да се види од каде да тргне со барање на проблемот. Дури и отчитување на самиот код на грешка, не значи автоматски дека ќе те доведе до проблемот.
Со други зборови ова не е типичен и нормален проблем за оваа генерација на 147ци ?
Она што ми е чудно е зошто и сервисерот му рекол ништо не и е, терај си. И еве 3-4 години си тера, ниту троши повеќе, ниту е потромава. И ме чуди исто така и зошто се губи после возење на автопат ? Тоа делува како да се работи за некаква  регенерација.
Засега се откажав од нејзе,  пошто испаѓа дека погрешно сме се разбрале за цената, сепак е 3400 но може да биде и 3200, ако јави некој друг проблем сем тоа со дпф-от, па тој попуст е за да се санира тој проблем.