Автор Тема: Предлог за нова кола до 12-13.000 евра, Citroen C3, Renault Clio или нешто трето  (Прочитано 23164 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
@vlatko.klp - Поентата ми беше, и сега Баленото што стига не се произведува во Јапонија.. Па во тој контекст, уште помалку е важен муабетот дека ќе се ребрендирале во Тојоти за во Индија.

Отсутен Ivoo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 112
@Power to the people  Сигурно ќе и кажеа дека има негде Балено во Македонија?
Од Балено има само ГЛ, 10.900 евра, повисокото ниво на опрема ГЛХ нема повеќе.Нема ни да има  :)
Инаку од соработката на Сузуки и Тојота, одредени модели од Сузуки ќе се продаваат во Индија ребрендирани во Тојота, а Рав4 и Корола караван за европски пазар, во фабриката од Тојота во Англија, ќе излегуваат како Сузуки бренд( со мотори и технологија од Тојота, а друг дизајн).

Отсутен velkov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 637
Новата Корса изгледа одлично, ама нема никаков абер кога би стигнала кај нас. Би типувал најмалку 3-6 месеци.
Гледав слики во Ауто Цем веќе има некој примерок стигнат.

Аууу, браво. Секоја чест. Со оглед на тоа дека во моментов се тераат интернационалните презентации и чуда, браво. Бра-во!
Аутомакедонија објавија дека веќе имат продадено една црвена со лед, многу добро изгледа

Отсутен malinamamun

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 552
Косата е ептен убава. Ја гледав во салон баш вчера

Отсутен Ivoo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 112
И што цена е? Од-до...

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Јас разбрав некоја цена од 13.900. Колку е точна, не можам да гарантирам...

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Падна конечна одлука, другарката „капариса“ Киа Стоник, се чекаат формалности да се завршат. Инаку беше многу блиску од откажување од намерата да земе кола од Киа, многу ладен, незаинтересиран однос од продавачите, дури кога била таму имало реакција и од други потенцијални купувачи. Мораше да се бара некој линк за да се заврши работата малку покултурно и некако да се избоксува некоја ситница плус.
Инаку, Цитроенот бил побучен од Стоникот (можеби слаба звучна изолација) ама некако бил поскоцкан внатре и со малку побогата опрема + зимски гуми гратис. Стоникот бил поубав за возење, покомотен, далеку потивок внатре. Ова е кратка и субјективна оценка на купувачот. Да имаше Балено (со повисоко ниво на опрема) мислам дека тоа ќе беше изборот.
Благодарам на сите што се потрудивте да помогнете со советите околу изборот. Со здравје да си ја вози колата.
Може клуч на темата  ;)
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Паметно девојче среќа не те послуша за цитроенот или балено бе покрај толкав избор на автомобили :)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Неколку пати сум пишал, дечкото (како ли се викаше) од салонот во цитроен е Цар.

Во однос на него сите други ти се чини дека имаат ладен однос кон потенцијалните купувачи.
Убедливо најладен дочек сум доживеал во салонот на Фолксваген.
А најголеми изнаслушани глупости во Сузуки ;D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
А најголеми изнаслушани глупости во Сузуки ;D
Те молам! Те преколнувам сподели!

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Неколку пати сум пишал, дечкото (како ли се викаше) од салонот во цитроен е Цар.

Во однос на него сите други ти се чини дека имаат ладен однос кон потенцијалните купувачи.
Убедливо најладен дочек сум доживеал во салонот на Фолксваген.
А најголеми изнаслушани глупости во Сузуки ;D
Ма каков сака нека е односот ако за нешто имам мерак ќе го купам на крај. Јас ги давам парите и треба да живеам со таа кола 5-10 години. Ако земам цитроен зошто многу услужлив бил дечкото треба ептен да си наивен, али има и такви.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Кога го разгледував Алто...

Сите конкуренти се превртуваат во кривина но благодарение на димензиите што ги нуди Алто немаш таква опасност.

Прозорите на задните врати се на кипер и нема опасност децата да ти излетаат во текот на вожњата.

Имаше уште нешто со Алто ама сега не ми текнува.

Кога го разгледував sx4...

Што ќе ти е турбобензинец, непроверена работа е тоа, еве имаш турбодизел ако ти е за турбо.

Попуст? Попуст даваат на колите што имаат фабрички недостаток и ги бутаат на наш пазар.
 Нашите возила ги имаат поминато сите проверки за квалитет и нема простор за попуст бидејки и така веќе одиме со најмала можна заработувачка.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Паметно девојче среќа не те послуша за цитроенот или балено бе покрај толкав избор на автомобили :)
Не сум навивал за Цитроенот, Баленото ми беше привлечно ама ни за тоа не сум навивал, не сакав да имам влијание на конечната одлука поради мои субјективни размислувања, да навивав јас ќе беше Киа Сеед :) , ама надминуваше буџет, и за Стоникот е надминат за 1.000 - че ама сепак мислам ќе и се исплати разликата на подолг рок
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Неколку пати сум пишал, дечкото (како ли се викаше) од салонот во цитроен е Цар.

Во однос на него сите други ти се чини дека имаат ладен однос кон потенцијалните купувачи.
Убедливо најладен дочек сум доживеал во салонот на Фолксваген.
А најголеми изнаслушани глупости во Сузуки ;D
Ма каков сака нека е односот ако за нешто имам мерак ќе го купам на крај. Јас ги давам парите и треба да живеам со таа кола 5-10 години. Ако земам цитроен зошто многу услужлив бил дечкото треба ептен да си наивен, али има и такви.
Многу од купувачите не можат да се одлучат, или поинаку кажано, имаат само мерак за нова кола.

Јас кога бирав кола ако требаше да се одлучам меѓу Голф и Ц4, сигурно ќе земев Ц4 иако внатре во Голфот се чувствував многу поубаво. Па сигурно нема да ги молам да ги потрошам моите пари кај нив кога не можеа едно тест возење да ми организираат, да не спомнувам за други работи.

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1297
Неколку пати сум пишал, дечкото (како ли се викаше) од салонот во цитроен е Цар.

Во однос на него сите други ти се чини дека имаат ладен однос кон потенцијалните купувачи.
Убедливо најладен дочек сум доживеал во салонот на Фолксваген.
А најголеми изнаслушани глупости во Сузуки ;D
Ма каков сака нека е односот ако за нешто имам мерак ќе го купам на крај. Јас ги давам парите и треба да живеам со таа кола 5-10 години. Ако земам цитроен зошто многу услужлив бил дечкото треба ептен да си наивен, али има и такви.
Не би рекол. Од покојна МАКСИМА имав купено Сузуки Свифт, па толку сељачки однос немало и ќе нема на македонскиов пазар. Што е најтрагично имаа поддршка односно слобода да се понашаат како сакаат од фабриката во Унгарија.. Па јас бре рекламирав гуми во Нокиан централа и во рок од саат време добив позитивен одговор.  И поради тоа Сузуки за мене е умрена марка за век и веков.