Клиото е поскапо и го надминува буџетот, дури имаше некоја ненормално висока цена за таа класа на кола, не се сеќавам сега, каша попара сум со информации;
Вчера е отидено во Киа моторс и мало разочарување, нема Рио во повисоко ниво на опрема (Ex Advance) и треба да се чека 4-5 месеци. Стоникот исто така влезе во комбинација, кога веќе се беше во Киа, ама и Стоник немаше со повиско ниво на опрема, се чека и он 4-5 месеци. Од никаде и Сеед влезе во конкуренција со некоја комбинација на опрема и го има на лагер ама надминува буџет за некои 1500 евра (ако го спуштат на 14.000 е);
Отидено е и во Сузуки да се види Баленото и шок за мене кога ми кажа, распродадено, нема на лагер и нема ни да има, а убедливо најповеќе и се допаднало (имало едно со натпис продадено во салонот) и многу добра цена од околу 12,600 е. Свифтот бил ок ама помал од Ц3 и Риото;
У главата уште и стои Ц3 и сега дефинитивно е во дилема а сакаше до петок да си купи кола.