Вчера и денес малку работно. По посета на неколку мајстори, побараа неразумна цена за да се префарба кровот и хаубата, па се решив сам да пробам. Се решив да фарбам со боја во спреј иако имав опција со компресор да се фарба и мислам дека не се зезнав. Како за почеток и за проба, го офарбав само делчето од гепекот што се спојува со кровот. Штета што немам слика да се види колку беше оштетено.
Па да почнемо:
Стругање со 320ка 400ка 600ка и 800ка.


Следно изолирање(нај досадната работа) и филер тенко ама две раце

Па после се стругаше онака нежно филерот со 320ка 400ка 600ка 800ка и 1000ка. Па убаво се исчисти од прашина.


Прва рака боја.

Втора рака и трета рака боја.


Па лак три раце.



Конечен резултат




Јас, презадоволен, следен е кровот.
Цени:
Филер во спреј 440 денари (само 10% се потроши)
Боја еден спреј 690 денари (30% се потроши)
Ауто Лак во спреј 240 денари ( 30% се потроши)
Шмиргли мислам околу 250 денари ама пола останаа.