Казан како се со цена? Стварно не сум упатен со клима во кола. Може едно штрафче да стегне и 100€ да ми побара и да мислам дека е во ред цената.
Што конкретно ти поправаше на климата?
Едит: Сервисов се наоѓа кај депото на Македонски железници?
Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk
Имав патешествие и јас со климата на Меривата. Го изодев потешкиот пат (половен компресор, па уште еден половен компресор итн итн) затоа препорачувам да не се заебаваш со механичари, право да си одиш кај специјализиран сервис за клима.
Е сеа, моја препорака е за овој конкретен сервис, поради мое лично позитивно искуство. Два пати бев, два пати бев за Цитроенот.
Првиот пат, немаше грам фреон, логично - од некаде пушташе. Ја остаив нешто као на отварање сабајле, у 9, ја земав истиот ден околу 17ч. Проблемот тогаш беше дупче на една од цевките низ кои поминува фреонот. Целиот зафат тогаш ме чинеше околу 2500 денари. Значи, полнење со обоен фреон, да се установи каде е дупчето, да се завари дупчето, да се наполни со фреон, да се тестира, и рутинска контрола после недела дена.
Вториот пат, тоа беше пред 3-4 месеци. Не уклучуваше компресорот. Мислев дека пак нема фреон, дека имам сличен проблем. Отидов, на лице место проверија, фреон имаше. Испадна дека е проблем со конекторот и жиците околу истиот. Слична ситуација, ја остаив колата сабајле на отварање околу 9, ја земав истиот ден околу 15ч. Беше прекината една од жиците на самиот конектор од компресорот. Зафатот тогаш ме чинеше или 800 или 1000 денари, не знам точно.
Иначе да, таму е сервисот. Влегуеш кај Тинексот (раде кончар), возиш позади колеџот, и од десна страна е сервисот. Летно време се доста зафатени. Мислам дека за проверка идеш секој ден меѓу 12 и 14ч, откако ќе проверат што е и како е, договараш термин и цепаш.