Дечки малку помош ми треба. По долго истражување по интернет не успеав да најдам кое е соодветно масло за Z16XEP (моторот на меривата). Некаде прочитав 5w30 некаде 5w40 а некаде 10w40.
Претходниот газда ставал 10w40. Мајсторот што ми го правеше првиот сервис и тој ставил 10w40 и јас сметам дека тоа масло не е соодветно. Другиот мајстор што ми менуваше каиши вика само 5w30.
Незнам на што да верувам, а неможам по интернет да најдам кои адитиви му се потребни на моторот.
Мое мислење од она што го прочитав нај соодветно е ова масло(види слика) но не сум 100% сигурен.
Би ве замолил за помош.
Sent from my FIG-LX1 using Tapatalk