Едно кратко образложение за Меривка до сега.
Воглавно Опел Мерива и не е така лоша кола. Конфорна, комотна, тивка внатре и при поголеми брзини, створена за фамилија и за подолги патувања.
Да почнеме прво со лошите работи.
Кога ја земав колата се си беше супер. По два дена возење светна check engine, па нареден ден EPS (како алфа да купив
). Отидов на дијагностика и мајсторот вика ланда сонда. Ме советуваше да ја повозам некој ден случајно да не се угаси бидејки колата 3 месеца беше стоена. Иако не верував дека ке се угаси после два дена возење се угаси, но другиот ден пак светна. На гладен стомак отидоа 9500 ден за сонда. Со EPS-от за среќа е се во ред, барем сега за сега. Од кварови за сега толку. Во петок иде во сервис за промена на каиши, а уље и филтри се сменети уште вториот ден во друг сервис, и во кој не би стапнал повеќе, ама за тоа ке објаснам во друга прилика.
Негативности:
- Лоша прегледност лево и десно поради големиот А столб (ваљда така се викаше оној столб од кров кон предна хауба).
- Крцкаат пластики при промена на надворешна температура.
- Вратите предни се огромни, кога затварам врата имам чувство дека сум затворил врата од некој пикап.
- Решетките за парно многу се нежни од сонце, брзо бледеат.
- Кедер неможам да најдам никаде, маана им било тоа.
Предности:
- Конфорна, тивка удобна
- Мислам дека Опел прв пат направиле возило кое подеднакво има удобност и стабилност при возење. Изненаден сум колку колата е стабилна и не се навалува во кривини.
- Битна ствар. Многу места за остање на дрангулии што во кола што во гепек, скриени фиоки, многу џепчиња, прегради, межички и т.н.
- Удобни седишта
- Голем гепек со дупли под
- Моторот 1.6 е доволен за таа каросерија и доста еластичен, потегнува на доста ниски втрежи.
Потрошувачка до сега:
Стрикно град, релација: Ѓорче-Центар-Визбегово во утринските и попладневните гужви со расипана сонда и пуштена клима 13литри на 100км.
Истата релација без клима и со нова сонда 8.8 на 100км.
Накратко тоа е тоа. Во перик да се сменат каиши, во сабота ако стигнам да земам 4 нови гуми ( сегашниве ни за саксии не ги бива). Од понеделник да ги посетам плимонт и пичи мајсторе.
Ааа да, кедер уште не најдов. Ми останува уште во тетово да проверам, па ако имаме некој од тетово или гостивар на форумов би го замолил ако сака да побара по отпадите дали има и да ме исконтактира, или па да ме упатите кај некој што прави кедери.
Sent from my FIG-LX1 using Tapatalk