После 2-3 месеца активна потрага по кола во Мк и Бг, решив да купам карта во еден правец до Германија и да си го донесам тоа што го сакам.
Се работи за Голф 6 бензинче од понова генерација со 1.2 тси мотор со 6 брзини и 105кс 2010 година произведен со поминати 160 000км.Редовно сервисиран во овластен VW сервис со заверена сервисна книшка како и сите фактури за извршените услуги.
Го донесов со возење од околина на Минхен и поминав 1600км со просечна брзина од 107км/h и притоа просечна потрошувачка od 5,5L/100км и градска просек 7,5-8.0L/100км.
Процедурата во Германија се заврши експресно за 1 ден а целокупната документација ме чинеше 230еур со извозна декларација,осигурување за 1 месец и цол таблици.
Моторчето изненадувачки добро се понаша како во град така и на отворено заради малото турбинче како и 6 брзинскиот мењач.Прв апгрејд беше промена на радиото од RCD210 во RCD310 и монтажа на AUX. Планови во иднина спирали,ремап халогенки и 17ки бандажи,али здравје боже понатака.
Едит : монтирани 18ки BBS Calito
Едит : Заменето фабричкото Rcd210 со Rcd 310