Автор Тема: Seat Ibiza ST 1.2 TDI  (Прочитано 23107 пати)

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Одг: Seat Ibiza ST 1.2 TDI
« Одговори #15 на: 12 Септември 2019, 06:46:17 am »
Честито, со здравје да се вози.

Sent from my SM-G960F using Tapatalk


Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Seat Ibiza ST 1.2 TDI
« Одговори #16 на: 12 Септември 2019, 12:43:38 pm »
Влатко со здравје да се вози.

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Одг: Seat Ibiza ST 1.2 TDI
« Одговори #17 на: 12 Септември 2019, 14:47:55 pm »
Честитки, да и се изнавозиш.
Имавме ваква на работа и малку чудно работи ама убаво иде.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Seat Ibiza ST 1.2 TDI
« Одговори #18 на: 12 Септември 2019, 20:22:09 pm »
Ич не ти е убава Ибицата...

Се заебавам бе, со здравје да си ја возиш. Спукај ја накај Македонија, стави од оваа црнава нафта овде, да види колата мајка Македонија.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1765
Одг: Seat Ibiza ST 1.2 TDI
« Одговори #19 на: 12 Септември 2019, 20:38:09 pm »
Ич не ти е убава Ибицата...

Се заебавам бе, со здравје да си ја возиш. Спукај ја накај Македонија, стави од оваа црнава нафта овде, да види колата мајка Македонија.

Плус ќе провери како е изработена внатрешно, дали крцка по дупкиве или не.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Seat Ibiza ST 1.2 TDI
« Одговори #20 на: 12 Септември 2019, 20:47:13 pm »
Ич не ти е убава Ибицата...

Се заебавам бе, со здравје да си ја возиш. Спукај ја накај Македонија, стави од оваа црнава нафта овде, да види колата мајка Македонија.

Плус ќе провери како е изработена внатрешно, дали крцка по дупкиве или не.

Ибицата некако ќе издржи, туку да не ти се откачи тебе некој камен у бубрег по патиштава ;D

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4001
  • MadaFunker
Одг: Seat Ibiza ST 1.2 TDI
« Одговори #21 на: 12 Септември 2019, 23:48:04 pm »
Со здравје да се вози Влатко!
New blood of old school

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Seat Ibiza ST 1.2 TDI
« Одговори #22 на: 13 Септември 2019, 08:01:16 am »
Вчера сменето уље VW 504/507, филтер за уље и пред некој ден за воздух и полен. Нареден редовен сервиз за 1 година. Иначе многу интересен податок, 1.2 запремнина а собира 4.2 литра уље.

Честитки, да и се изнавозиш.
Имавме ваква на работа и малку чудно работи ама убаво иде.
Не да работи чудно упм...али иде многу солидно за 75кс и 1.2цц сеуште неможам да поверувам. Работата е што вози малце како турбо бензинец и сака високи обртаи, особено во 3та брзина кога претицуваш шлепери убаво си потегнува се до 4200 обртаи.

Со здравје да си ја возиш, многу грда кола околу изгледот.
П.С Сите што ти кажаа дека е топ и добро изгледа ти прават лице, истите тие за многу поубави коли се убиваат од јадење гомна.

Зашто бе лице да ми прават, нити ги знам лично луѓево ниту па ми должат нешто.

Иначе грдичка си е задницата, затоа не ставам слики од позади :), ама од напред е топ како секоја ибица особено што ова е фејслифт и малце изгледа по-модерно.




Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Seat Ibiza ST 1.2 TDI
« Одговори #23 на: 13 Септември 2019, 09:24:09 am »
Не чудно, гадно звучи кога работи во лер (однадвор).

Возев 1.2 тси тест возило, многу ми се допадна ентериерот кој беше со црвени детали, вожњата као по шини но тврдо по дупки.

Со здравје да си ја возиш колата.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Seat Ibiza ST 1.2 TDI
« Одговори #24 на: 13 Септември 2019, 10:34:13 am »
Поубава да си купиш  ;D

Отсутен Leon-cist

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 778
  • .
Одг: Seat Ibiza ST 1.2 TDI
« Одговори #25 на: 14 Септември 2019, 00:09:55 am »
So zdravje da se vozi kolicevo.
PS zarem ne se otkazaa germancive od trocilindarskite dizelski motori? Neli benzicite 1.2 tsi se so 4 cilindi ili greska sum
VW MK-7 (1.6 тди)

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Seat Ibiza ST 1.2 TDI
« Одговори #26 на: 14 Септември 2019, 00:41:14 am »
Чекајте малце другари, нели е ова ТДИ, не ТСИ?

Едит: заборавив да честитам, оѓин да ме изгори... Со среќа и без гајлиња многу, братко! :)
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Seat Ibiza ST 1.2 TDI
« Одговори #27 на: 14 Септември 2019, 10:20:49 am »
Чекајте малце другари, нели е ова ТДИ, не ТСИ?

Едит: заборавив да честитам, оѓин да ме изгори... Со среќа и без гајлиња многу, братко! :)

Ха, да беше  ТСИ ќе беше се на место... Вака дизел, дај шо даш ;D

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Seat Ibiza ST 1.2 TDI
« Одговори #28 на: 03 Октомври 2019, 07:23:46 am »
Земав нови амортизери за пета врата, некако многy лесно паѓаше вратата, а отварањето беше нецолосно па мораш со рака да туркаш. 18 јурци комплет и 2 минути работа да се сменат.



Наредно за некоја недела иде промена на зимски гуми со челични бандажи  8)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Seat Ibiza ST 1.2 TDI
« Одговори #29 на: 24 Октомври 2019, 12:29:44 pm »
Си купив на гугл плеј интересна апликација (4-5 евра беше) VAG DPF, поврзуваш преку обд и покажува многу интересна статистика за дпф-то како функционира, пред колку км е последна регенерација, колку минути се поминати итн.

Еден интересен податок кој после читање на многу онлајн ваг форуми, забележав дека бројките во врска за гареж и кога започнува се исти без разлика дали се работи за 1.2 тди, 1.6 или 2.0 тди. Регенерација почнува некаде кога soot mass е околу 23-25 грама односно скоро 100% исполнетост. После успеша регенерација, гарежот не е никогаш на 0 туку отприлика на 5-6 грама односоно 20тина %. Овие 100% немаат врска дека самиот дпф е 100% полн, тотално различни работи се тоа. Инаку, гарежот може некогаш може да биде и 105-110% но и тоа не е страшно се додека знаеме дека регенерацијата е веќе започната и во тек. Веќе над 28 грама ако регенерацијата не е започната поради многу кратки релации и незагреан мотор, или гасење на моторот дур се случува регенерација, тогаш се појавува жолтото знакче во форма на ауспух и нели тогаш мора да возиш на отворено 20 и кусур минути итн.

Кога ја возев од Германија и стигнав дома, увидов дека последната регенерација била пред 590км а веќе започна мислам кога имав поминато 600км. 

Имено, апликацијава покажува статистика во реално време и многу е интересно што пасивна регенерација се случува толку ретко наместо како што мисли јавноста. Колата треба или да ја возиш констатно над 160км/ч за да има минимално намалување на гареж, или па да ја цепаш на некоја јака угорница 3-4та брзина констатно. Дури  и тогаш, ако да речеме имаш моментално 20 грама гареж, ќе се спушти 1 грам и ќе биде 19 грама.

Ова е скриншот скоро пред регенерација


После успешна регенерација. Забележете ги екстремно високите температури на издувот кои се резултат на софтверски шприцање на повеќе гориво. За да добиеш вакви температури при пасивна регенерација треба да возиш како будала  :)


Инаку, веднаш осетив дека има регенерација поради симптомите кои се очигедни. Моторот беше загреан, во лер обртаите се кренаа на 1.000 и само звук на моторот беше мааалце по груб. Сетоа ова траеше не повеќе од 10тина минути и заврши. Значи ова е циклус кој се случува констатно низ целиот животен век на дпф-то. Проблемите настануваат кога колата се вози на многу кратки дестинации и кога се гаси при регенерација.

Многу интересен податок е бидејќи после оваа регенерација, колата ја возам исклучиво во град. И веќе при само поминати 250км имав скоро 19 грама гареж и при отприлика 300км се случи следната успешна регенерација. Значи на отворено сум поминал 600км (тука нормално и самата брзина си го прави своето), а во град упола од тоа



Oil Ash Residue (38 грама) е уствари пепелта како резултат од работата на моторот. Тука нели, минималниот blow by директно се таложи на крај во самиот ДПФ и тука е всушност целата фрка околу животниот век на ДПФ. Капацитетот на дпф е макс 70 грама што значи дека при поминати 183.000км, кај мене 54% дпф-то е полн. Затоа е многу битно кога се збори дека на возила со ДПФ,  мора да се става уље со ниско ниво на пепел (low saps). Со ставање мид сапс или хај сапс уље му го кратите животниот век на дпф-то повеќекратно.

Според моите калкулации, некаде при 340.000км дпф-то ќе биде полно 100% и поради тоа нема да има физички место за гарежот да се складира пред да се регенерира. Од тука, ова е многу корисно програмче за да видите уствари дали некој ги има вратено километрите на колата зошто одма ќе дознаете. Скоро секаде може да се заклучи од читање на релевантни форуми, дека ако колата не троши уље, се вози како што треба со загреан мотор и уље кое е low saps (low ash) тогаш со оригинален дпф треба да се поминат 300.000км горе доле пред да му дојде време за промена. Нормално, има и по форуми луѓе што поминале преку 450.000км со оригинален дпф но тоа се таксисти или луѓе што возат цело време на отворено.