1.4 го имам на астрата. Од досегашно искуство, е евтин и едноставен за одржување. На ланче е. Тивок и мирен. За 90% градска вожња и неколку пати на отворено сосема таман. До кај 3000 вртежи е мртов, над тоа е пожилав. Бара шалтање при претекнување, али се е ствар на навика.
Пожилав е од конкурентите со ист мотор, исто така и поекономичен. На отворено, ако ти е "лесна" ногата, знае и под 6л/100км да троши.
Од лично искуство, толку.
Од муабети, знам дека нема проблеми со плин при редовно одржување,
@djidji ти е жив пример. Знам луѓе што имаат поминато и по 300.000км без промена на ланче и без посериозни дефекти.
Е сега, сето ова го знам за Астра. Меривата би требало да е малце поголем потрошувач у споредба со астрата, ради габаритот и формата што ја има.
1.6 во Мерива, вози колега од работа. Он има само пофални зборови. Единствено нешто што ми го наведе како "проблем" беше што после ден-два возење на плин, одма му се пали CHECK сијаличката и свети се додека не се врати на бензин. Зашто, и како-што, не знам. Кога јас барав Мерива за мене, 1.6 ми го фалеа како доста добар. И за одржување, и за потрошувачка и за се. Али како шо реков погоре, ова од муабети. Немам лично искуство.
За 1.8 немам нешо многу информации, само знам дека е доста пожеден у споредба со 1.4 и 1.6

Ако се решиш за дизел, повели, дојди, види, провози.

Јас би земал и 1.4 и ич не би мислел.
Кога ќе си ја купиш, ќе си ја засакаш. Ќе ти се засвиѓа повеќе од сега.
