Конечно најдов време да се пофалам малце
После продажба на БМВ-то пак ми се јави желба за некој “жив“ хеч, па се подновив со најмалиот брат од RS фамилијата на Renault..
Станува збор за Renault Megane 3 Coupe 2.0 TCe 180 во Flame Red изведба со прекрасна Luxe опрема односно, целосна кожа со убави спорЦки седишта со греачи и меморија, темпомат, навигација, блутут, keyless go & entry, панорама, Bi-xenon, паркинг сензори напред-назад и се остало што си следува во пакетот..
Си има и по нешто афтермаркет како на пример Eibach спирали, 4 дистанцери, cat-back издув со 2 цефки позади и BMC панелен филтер..
Си има и по некоја ситница што треба да се среди, меѓутоа сите овие работи ја прават една перфектна целина за моите очи, душа и уши..
П.С најбитниот дел од додатната опрема го заборавив.. ИМА ПЛИН
Еве и некое сликиче така..
И да, гласен е.. ама е преубаво гласен