Се залетав по една плоча од Петер Габриел али кога ја видов од внатре беше роскоп.
После сликава гледам дека уствари било ситница.
Искрено, не можеш да знаеш додека не ја исчистиш. Можно е чистењето да отвори еден куп дополнителни проблеми како гребнатини, раширени бразди и генерални оштетувања. Оштетувања кои и онака постоеле, но звучната штета од нив била маскирана од дополнителната штета од нечистотија...
...но ако се работи за (1) ретко, (2) сентиментално важно, (3) звучно добро, (4) или било кој од наведените критериуми, издание, вреди да се засукаат ракави малку.
До пред две децении, се правеле навистина сериозни, академски истражувања на форматов, особено поради големата количина на историски важен материјал достапен само на овие формати - така што не е наведените работи само анегдотално искуствени.
Во прилог
еден напис од инжинерскиот тим при EMT, кој покажува, покрај останатото, дека дури и нови "од преса" плочи треба да се чистат пред репродукција, доколку постојат можности.