Дилемата е дали било каков екстерен preamp е подобар од вградениот во АТ?
Синоќа кичма ми отпадна од уклучи /исклучи споредувајќи квалитет меѓу line и phono благодарение на bypass switch кој го има моделов, за disable на вграденото и споредба со power dynamics од 2500 ден.
Плус земав сериозно квалитетни кабли наместо стандардните пински и намерно одбрав исклучително динамична плоча ( E.John - Blue moves) и секако разлика приметив и кај високите тонови и кај бас и во генерален volume оuput...ама во нијанси.
Екстерново претпојачалово е смешка секако, но се си мислам дека е подобро од вграденото кое е небаре налик на ефтина звучна картица за компјутер.

Можеби најлогично е да не брзам, па отпосле откако убаво ќе се информирам дали вреди , да земам некој посалаен preamp до кај 100 еур, па ако веќе доплаќам да има апла приметна разлика, бидејќи сега нијанси се во прашање иако секако подобрување кај мојов грамафон во однос на претходниот модел има баш кај preampot.
Абе беља..
