Автор Тема: GOLF 5  (Прочитано 17792 пати)

Отсутен Slipknot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 56
Одг: GOLF 5
« Одговори #15 на: 22 Јуни 2019, 22:29:17 pm »
Имав јас Голф 5ка. Вожња имаше како коњска кола, а на лик изгледаше како и секое возило од 2003-2007 година. Нити ме изненади интериерот, екстериерот. Единствено нешто што ме изненади беше просторот на задна клупа, и цената на половните и нови делови за Голф 5ка. Мислам дека тоа е и причината зошто е толку света кола на балканов посебно во изведбата 1.9 ТДИ БАЈО мој. Како на времето што беше Голф тројката, сега е петката. Ништо не е сменето, делови има каде сакаш за смешни пари, а колата ти го нуди максимумот што можеш да се достигне за таа цена. Да, Голф 5 е типично количе за секојдневен човек, што ќе му брка работа и нема да го мава по џебот. Ама во никој случај не е одлична кола ;D
Во исто кошниче стојат и нејзиниот побратим Seat Leon и Audi A3 Sportback. Со тоа што спортбекот има за нијанса подобра вожња и поубаво е изолиран.
Па за тоа барам таква ,за до работа , по град и да отидеш до негде на одмор .

Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
Одг: GOLF 5
« Одговори #16 на: 23 Јуни 2019, 03:29:35 am »
Тогаш нема зошто повеќе да размислуваш, колата ќе ти ги задоволи тие потреби. Дури и во било кое време да ти текне дека веќе не ти се допаѓа, ќе можеш брзо и едноставно да ја продадеш.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3696
Одг: GOLF 5
« Одговори #17 на: 23 Јуни 2019, 09:28:12 am »
Престанете да ги лажете луѓето дека 2.0 не чини, пола од вас не ни возеле 2.0!
Другар, едно пријателче пред 1 месец си увезе од Германија сам, 2.0 ГТ 170кс со мнооогу опрема и 190.000км, 2007год., со МК таблици и комплет трошоци му излезе 6500€. Јас лично возам 2.0 16в во Туран и моментално има 277.000км, остави чаршиски муабети дека 2.0 не чини.

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3039
Одг: GOLF 5
« Одговори #18 на: 23 Јуни 2019, 09:54:36 am »
Престанете да ги лажете луѓето дека 2.0 не чини, пола од вас не ни возеле 2.0!
Другар, едно пријателче пред 1 месец си увезе од Германија сам, 2.0 ГТ 170кс со мнооогу опрема и 190.000км, 2007год., со МК таблици и комплет трошоци му излезе 6500€. Јас лично возам 2.0 16в во Туран и моментално има 277.000км, остави чаршиски муабети дека 2.0 не чини.
Може ти се погодил да не е од тие што им пукаат главите.


https://www.audi-sport.net/xf/threads/2-0-tdi-how-to-know-if-your-cylinder-head-will-crack-if-it-hasnt-yet.76277/

Sent from my MI 6 using Tapatalk

Отсутен Slipknot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 56
Одг: GOLF 5
« Одговори #19 на: 23 Јуни 2019, 11:30:18 am »
Гледав на autoscount24 во Австрија Голф 5 ниту една нема под 170к дизел , а идат 3500_4500 евра таму , што значи логиката е дека нашиве шо увезуваат ги земаат тие со по 350к и 400к најевтините  ги вракаат на 170к и овде ти бара 5000 евра. Има само некои бензинци со помалку км т.е околу 170 и помалку.Логиката моја е да се увезе кола од странство директно со проверени км затоа што ако се купи од овие нашиве препродавачи после 20к извозени пак ке бидеш без кола.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1879
Одг: GOLF 5
« Одговори #20 на: 23 Јуни 2019, 13:02:29 pm »
Гледав на autoscount24 во Австрија Голф 5 ниту една нема под 170к дизел , а идат 3500_4500 евра таму , што значи логиката е дека нашиве шо увезуваат ги земаат тие со по 350к и 400к најевтините  ги вракаат на 170к и овде ти бара 5000 евра. Има само некои бензинци со помалку км т.е околу 170 и помалку.Логиката моја е да се увезе кола од странство директно со проверени км затоа што ако се купи од овие нашиве препродавачи после 20к извозени пак ке бидеш без кола.

Не ти е лоша логиката,  не само што се враќани, туку и ги поправаат ако се удрени. Не дека и на запад некој ти гарантира дека не е чепкано, али пак посигурно е.

Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
Одг: GOLF 5
« Одговори #21 на: 24 Јуни 2019, 03:19:50 am »
Јас само едно ќе ви кажам есапот дома и на пазар не е ист. :)

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2614
Одг: GOLF 5
« Одговори #22 на: 24 Јуни 2019, 08:41:11 am »
@Dimita Можеш да бидеш малку подетален за кои потреби ќе ти служи колата, колку км отприлика би поминувал годишно, на кратки или долги релации, битна ли ти е моќноста на возилото, снага во кс, ќе ти биде ли проблем одржувањето, односно дали ти е битно дали ќе е поскапо или поевтино? Што сакаш повеќе, бензин или дизел или не ти игра улога?
Јас имав Голф 5 1,6 бензин/плин, некои 7 години и од искуство можам некои насоки да ти дадам, како на пример:
- гледај ги последните серии на моделот 2008/09, немаат проблем со ентериерот како постарите модели (во смисла на пластиките, прекидачите, рачките на врата)
- внимавај на вентилацискиот систем, една од послаби точки (контроли за насока на дување на воздухот во кабина, рециркулација, клапни - звук нешто како цак цак цак, како и на компресорот/климата дали работи и тоа им е фабричка мана
- како што ти кажаа, тешко е да најдеш здрава кола воопшто, ако не ја земаш за тркање колата и за да се поштедиш од главоболки  (турбо, дпф, егр, дизни, замаец), моја препорака ти е бензин, ако сакаш поекономично возење бапнеш на плин (плинот е 28 денари сега)
- гледам оперираш со буџет околу 6.000 е, смогни сили  :) , погледај некој Голф 6 со 1,4 или 1,6 бензин и за околу 7.000 може и да имаш среќа на најдеш од тука, 2009/10 до кај 100-140.000 км
- имам еден познаник носи коли од Швицарска, долги години и има добро разработена шема, малку е поскапичок од другите (за околу 500 евра во просек) ама здрави коли носи, ќе погледам да не има нешто на лагер, чисто онака да погледаш, а што и да гледаш обавезно со некој што се разбира
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Slipknot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 56
Одг: GOLF 5
« Одговори #23 на: 24 Јуни 2019, 14:25:03 pm »
@Filip MK па би поминувал по 10к километри годишно , возило што ке служи и за низ град ,  а и да отидеш на одмор или на викенд. Не ми е битно да е нешто многу јако ама да не биде да пуштиш клима и да му ја одземе силата :D . Инаку повеќе бев за дизел ама како што гледам од овде тешко да се земе добра голф 5ка до 6000е , а тоа ми е максимумот дури и многу.Ке пробам да најдам од странство да донесам , а  ако немоможам ке барам нешто од овде до 5000-6000 илјади евра понова година ама друга кола не Голф 5 .Само ме стави во мисла со ова дали дизел или бензин.Знам дека дизел помалку троши ама е поскап за одржување ,  а почнаа да излегуваат бензинци што трошат многу малку.
П.С :  Што ме праша околу одржувањето секако да не биде скапо за одржување не планирам да работам за колата , а и не очекувам премногу да ме служи и да не ме остава на пат.
Поздрав

Отсутен Slipknot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 56
Одг: GOLF 5
« Одговори #24 на: 24 Јуни 2019, 14:27:36 pm »
Дали некој има некое искуство со купување на кола од Авто Милано ? На интернет што ги гледам добри коли имаат и нудат гаранција од 6 месеци. Е сега не сум ги контактирал да знам каква е таа гаранција и што опфаќа.

Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
Одг: GOLF 5
« Одговори #25 на: 24 Јуни 2019, 17:33:13 pm »
Имаат таман коли, чат пат поскапи ама се наоѓа добра кола.

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3039
Одг: GOLF 5
« Одговори #26 на: 24 Јуни 2019, 19:15:15 pm »
@Filip MK па би поминувал по 10к километри годишно , возило што ке служи и за низ град ,  а и да отидеш на одмор или на викенд. Не ми е битно да е нешто многу јако ама да не биде да пуштиш клима и да му ја одземе силата :D . Инаку повеќе бев за дизел ама како што гледам од овде тешко да се земе добра голф 5ка до 6000е , а тоа ми е максимумот дури и многу.Ке пробам да најдам од странство да донесам , а  ако немоможам ке барам нешто од овде до 5000-6000 илјади евра понова година ама друга кола не Голф 5 .Само ме стави во мисла со ова дали дизел или бензин.Знам дека дизел помалку троши ама е поскап за одржување ,  а почнаа да излегуваат бензинци што трошат многу малку.
П.С :  Што ме праша околу одржувањето секако да не биде скапо за одржување не планирам да работам за колата , а и не очекувам премногу да ме служи и да не ме остава на пат.
Поздрав
Кола за низ град и за на отворено спаѓа и помал сегмент од голф сегментот. Еве ќе ти направам моја директна споредба помеѓу фиеста 1.5 дизел со 75 коња и голф 5 1.4 со 80 коња.

Фиестата во поглед на голфот е (според мене) супериорна во смисла на возни својства. Голфот некако нема директно управување, плива во кривини и слично додека фиестата оди како по шина.

Во врска со простор во кабина голфот е поголем и е очекувано да има поголем простор.

Одржувањето горе долу е исто ако и на голфот ставаш фул синтетичко масло. Ако одиш со 10w-40 ќе излезе поефтино. Кај фиестата имаш плус филтер за гориво кој е околу 1500-1800.

Во врска во комоција за подолги патувања, тврдам дека кога ќе излезам од фиестата сум поодморен отколку кај голфот. Кај голфот моторот е слаб за таа кола па мора да мислиш унапред дали ќе прешалташ пониска брзина за да претицаш и слично додека кај фиестата го нема тоа. Стискаш гас и одма повлекува. Со фиестата од јули до сега поминав ококу 14.300км.

За низ град освен за паркирање, неможам да издвојам позитивни или негативни страни кај двете коли. И двете ќе ти ја задоволат потребата што ја имаш.

И потрошувачка кај двете:
Фиестата троши околу 5.3-5.7 низ град, а на отворено околу 4.5 со брзини до 120км/х. Ја имам спуштено и до 4.1 ама тоа ако возиш 90км/х.

Гофлот троши околу 10 литра плин во град, додека 7.5-8 литри плин на отворено.

Се надевам дека нешто од горенапишаново ќе ти биде од корист.

Поздрав

Sent from my MI 6 using Tapatalk


Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2614
Одг: GOLF 5
« Одговори #27 на: 25 Јуни 2019, 08:17:20 am »
Пред некој ден го спомнав тука огласот од кај Велиновски ама брзо се продаде колата, имаше Гранде Пунто 1,3 мјет 2014/15 година со околу 60.000 км, почетна цена беше 6500, разбрав дека е продадена за околу 6200 е, ...муабетот ми е за овој модел на кола, мислам дека е идеален за твоите потреби, 1,3 мјет со 75 кс (еуро 4) и со 84 кс (еуро 5), мислам дека е еден од најекономичните и најевтините дизели за одржување, за буџетот околу 5.000-6.000 ќе најдеш нешто поново 2011-2015 со пристојна километража. Можам да ги споредам Голф 5 и Грандето и верувај дека нема драстична разлика во комоција, простор, поготово на задната клупа. Поради Х причини го продадов моето Гранде инаку не ми беше кеф што го продадов.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Присутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6811
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: GOLF 5
« Одговори #28 на: 26 Јуни 2019, 09:18:45 am »
Престанете да ги лажете луѓето дека 2.0 не чини, пола од вас не ни возеле 2.0!
Другар, едно пријателче пред 1 месец си увезе од Германија сам, 2.0 ГТ 170кс со мнооогу опрема и 190.000км, 2007год., со МК таблици и комплет трошоци му излезе 6500€. Јас лично возам 2.0 16в во Туран и моментално има 277.000км, остави чаршиски муабети дека 2.0 не чини.

Aко е CR на другарчето добро е, а ако е PD нека му се погоди среќата дури ја вози, исто и тебе, а богами и мене... Тоа што сега се е исправно и во ред, не е гаранција дека нема да го снајди неизбежното, порано или покасно...

Колку и да го хејтаме 1.9, со него нема утка.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: GOLF 5
« Одговори #29 на: 26 Јуни 2019, 09:48:16 am »
500.000км со ПД мотор 2.0 тди интересно видео.