@Dimita Можеш да бидеш малку подетален за кои потреби ќе ти служи колата, колку км отприлика би поминувал годишно, на кратки или долги релации, битна ли ти е моќноста на возилото, снага во кс, ќе ти биде ли проблем одржувањето, односно дали ти е битно дали ќе е поскапо или поевтино? Што сакаш повеќе, бензин или дизел или не ти игра улога?
Јас имав Голф 5 1,6 бензин/плин, некои 7 години и од искуство можам некои насоки да ти дадам, како на пример:
- гледај ги последните серии на моделот 2008/09, немаат проблем со ентериерот како постарите модели (во смисла на пластиките, прекидачите, рачките на врата)
- внимавај на вентилацискиот систем, една од послаби точки (контроли за насока на дување на воздухот во кабина, рециркулација, клапни - звук нешто како цак цак цак, како и на компресорот/климата дали работи и тоа им е фабричка мана
- како што ти кажаа, тешко е да најдеш здрава кола воопшто, ако не ја земаш за тркање колата и за да се поштедиш од главоболки (турбо, дпф, егр, дизни, замаец), моја препорака ти е бензин, ако сакаш поекономично возење бапнеш на плин (плинот е 28 денари сега)
- гледам оперираш со буџет околу 6.000 е, смогни сили

, погледај некој Голф 6 со 1,4 или 1,6 бензин и за околу 7.000 може и да имаш среќа на најдеш од тука, 2009/10 до кај 100-140.000 км
- имам еден познаник носи коли од Швицарска, долги години и има добро разработена шема, малку е поскапичок од другите (за околу 500 евра во просек) ама здрави коли носи, ќе погледам да не има нешто на лагер, чисто онака да погледаш, а што и да гледаш обавезно со некој што се разбира