Ако бараш здрав голф, само од Германија можеш да најдеш. Голфовите често скапуваат на вратите, праговите, крилата тоа им е мана.
Секако обавезно гледај да биде со 1.9 тди бајо, јер 1.9 тди + чип ремап = РАКЕТА
За километражата не може баш да се гарантира на голфовите оти можам со дигитрон да го врзам на ОБД и да му ја вратам, ама сепак највеќе гледај интериерот во која состојба е и тоа ќе ти каже многу за колата. Пластичните рачки внатре, копчето за вклучување светла, централната табла кај радиото. Гледај да бидат здрави, тие до кај 200/250,000 некако издржуваат. Зависи нели и дали ги дерела некоја жена со прстени на раце итн или е чуван убаво. Исто уште еден знак е кровот, кога ќе влезеш внатре погледни нагоре, обично кога се утепани од возење, кровот им е одлепен - попаѓан... Добар голф 5 со пристојна основна опрема и километража од 150-250 илјади е околу 3000 / 3500 еур во Германија. Кога го купуваш гледај да има сервисна за да знаеш што се дешавало во минатото, и тоа е тоа. Голф 5 е исклучително ефтина кола за одржување и половните делови имаат смешна цена. Колата е чиста класика.