Прилично голем процент од кросоверите се баш тоа - обични, нормални коли, со нијанса повисоки спирали и/ли спејсери.
Lexus UX е поставен на TNGA платформата - односно Corolla, C-HR, Lexus ES, итн..
На видеото на
SavageGeese на 7:41 фино се гледаат спејсерите што се додадени за да се дигне колата 3-4-5 цм.
Не е ова лошо, си има поента - цена, итн.
Мене ми е сосема океј да се потспушти (некое) кросоверче. Некои дури и добро изгледаат.
Да се офарбаат тие пластичните додатоци околу крилата во боја на каросерија - и добиваш сосема нормален, дури убав (според мене) хечбек.
Дополнително:
Т-Roc
C-HR (ова е претерано overall, само ми се свиѓа спуштањето и TE-37 бандажот)
CX-5
Forester STI
Итн...
Субјективно, ми изгледаат многу подобро него обичен, регуларен кросовер. Сигурно се и подобри за возење.