Автор Тема: Постепено губење антифриз  (Прочитано 7133 пати)

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Постепено губење антифриз
« на: 07 Јуни 2019, 08:03:02 am »
Поздрав дечки. Имам Фиат Браво 1.9 ЈТД 105, 2001 година.

Пред некоја недела на автопатот Скопје - Катланово ми истрча мачка и нормално... ми се еба хладњакот. Немаше некои козметички оштетувања, ваљда од доле го потфатила. Течеше скоро како од чешма и вака - така си се вратив дома. На мајстор го заварија (дека не можеа да најдат квалитетен нов, некои кинески беа тогаш моментално достапни мислам).

После средувањето, по недела - две ми се појави проблем: на една недела возење или 10 дена губи по еден прст/палец (хоризонтален  :-X ). Ај мислев дека и треба време да се наполни цел систем, па надополнував (G12 ставам) 1-2 пати. Но нема поента, пак губи околу 1 палец на една недела. Овака не можам да видам дека тече од некаде под кола, ама дефинитивно се губи. Еве и лето иде, претпоставувам на жешково ќе се губи уште толку.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: Постепено губење антифриз
« Одговори #1 на: 07 Јуни 2019, 09:44:56 am »
Ако си го возел без вода да не си искривил глава или да не има изгорено дихтунгот на главата


Sent from my iPhone using Tapatalk

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: Постепено губење антифриз
« Одговори #2 на: 07 Јуни 2019, 09:51:49 am »
Ако си го возел без вода да не си искривил глава или да не има изгорено дихтунгот на главата


Sent from my iPhone using Tapatalk

Хмм... мислам дека не го возев без вода додека стигнав до дома, застанував на 10-тина километри да додадам, температурата не се качи над 2/3 од мерачот. Мада и ладно беше таа вечер, околу 5-6C...

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: Постепено губење антифриз
« Одговори #3 на: 07 Јуни 2019, 10:02:13 am »
Ако си ставал ладна вода, а главата е топла може да настане проблем, мерачот остави го, мери темперарура на течност, а ти течност си немал, не ја мери темперарурата на металот. Дај боже да не е тоа, некој друг може ќе даде друго мислење.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: Постепено губење антифриз
« Одговори #4 на: 07 Јуни 2019, 10:12:48 am »
А доколку е тоа - би се мешале уље и антифриз или тоа не е правило? Мада во казанчето не сум приметил ништо чудно...

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: Постепено губење антифриз
« Одговори #5 на: 07 Јуни 2019, 10:19:38 am »
Може во цилиндерот да оди и како пареа низ ауспух да излегува, не е тоа некоја огромна количина на вода па лесно да се примети.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Постепено губење антифриз
« Одговори #6 на: 07 Јуни 2019, 10:19:47 am »
А доколку е тоа - би се мешале уље и антифриз или тоа не е правило? Мада во казанчето не сум приметил ништо чудно...

Отвори го капачето за долевање масло и види дали имаш "урда" на него.

Потоа провери во резервоарот за антифриз НА ЛАДЕН МОТОР, дали антифризот е бистар.

Ако двете работи се во ред, нема урда и нема масло во антифриз, веројатно дихтунгот на глава е во ред. Мада и тоа не е 100% гаранција, можно е да има микро зазор и да влече вода во цилиндер дирекно и да ја дува низ ауспух со издувни гасови без да контаминира масло и антифриз.

Провери си во кабина околу и под шалт табла да не ти пушта разменувачот за парното, и да не ги оди водата во тапацир, тепих.

Друго не ми иде во глава ништо конкретно како проблем ако цревата се здрави и нема течење под возило....

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Постепено губење антифриз
« Одговори #7 на: 07 Јуни 2019, 10:28:45 am »
На Симката губеше вода без да се примети капење.
По внимателно и подолго пратење приметивме подлизнување на спој пластика\метал од хладњакот.
Поради висока температура веднаш се сушеше и затоа немаше капење.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Постепено губење антифриз
« Одговори #8 на: 07 Јуни 2019, 10:45:03 am »
3 литри антифриз изгубив во 2 недели со неколку возења, а капење никаде, од термостатот каде што линееше надолу така и испаруваше.

Или на завареното или пушта од друго место многу малку па не стига да капни. Под притисок да се стави системот и можи ќе се види изворот.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4996
Одг: Постепено губење антифриз
« Одговори #9 на: 07 Јуни 2019, 10:51:14 am »
Само под притисок ставање системот. Може да подлизнува и да испарува.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Постепено губење антифриз
« Одговори #10 на: 07 Јуни 2019, 11:25:34 am »
И јас би се сомневал на хладњакот. Кога веќе еднаш бил акнат, може затвориле голема дупка, ама меѓу алуминиумските жабри да има пукнатина од која тече врз жабрите и да испарува. Види од некое растурено да најдеш здрав, боље него кинески.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: Постепено губење антифриз
« Одговори #11 на: 07 Јуни 2019, 12:21:20 pm »
Ќе проверам после работа пред тргнување за Штип ова што ме советуваше @zlatkoa, секако ќе морам да дотурам антифриз. А немам никакво навлажнување во кабината.

Инаку да, ќе мора да се лупне под притисок или од око (на мајстор) да се види ако подлизнува некаде.
Спиеше порано по катаљон месеци со исто ниво на антифриз, сега глупости...

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: Постепено губење антифриз
« Одговори #12 на: 07 Јуни 2019, 20:00:33 pm »
Клабери:

@zlatkoa

Еве го отворот кај уљето, немаше ништо, а и антифризот ми се чинеше бистар.



Ова е состојбата пред да додадам антифриз. Да напоменам дека пред 3 недели антифризот беше дотурен на макс т.е најгорната цртичка на сликата



Ова е на додаден антифриз, го бутнав на цртата за минимум додека мајстор не ја види



А овака беше после стигање во Штип, после возење и пуштена клима



Оволку имаше во шишето Г12 пред ставање



А оволку снема кога дотурив од првата слика до втората. По слободна проценка некаде околу 350ml




Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Постепено губење антифриз
« Одговори #13 на: 07 Јуни 2019, 21:08:40 pm »
Дефинитивно некаде ти солзи.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Постепено губење антифриз
« Одговори #14 на: 08 Јуни 2019, 09:21:42 am »
Дали после заварувањето, хладњакот беше ставен под притисок обично во сад со вода и тестиран дали држи?