Автор Тема: Постепено губење антифриз  (Прочитано 7134 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Постепено губење антифриз
« Одговори #15 на: 08 Јуни 2019, 09:23:24 am »
Дали после заварувањето, хладњакот беше ставен под притисок обично во сад со вода и тестиран дали држи?

Испитан е со познатата метода „добар е, ќе тера!“ ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: Постепено губење антифриз
« Одговори #16 на: 08 Јуни 2019, 11:33:14 am »
Дали после заварувањето, хладњакот беше ставен под притисок обично во сад со вода и тестиран дали држи?

Ако ти кажам било што - ќе те излажам. Ќе видам од понеделник да го средам ова, лето иде, не планирам на одмор да одам со 2л антифриз  :-X

Отсутен trkalo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 346
Одг: Постепено губење антифриз
« Одговори #17 на: 08 Јуни 2019, 11:44:48 am »
после возење стави поголем картон под моторот, сигурно ќе капне некаде да знаеш каде да бараш проблем. Можно и некое црево да не е добро затегнато

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Постепено губење антифриз
« Одговори #18 на: 09 Јуни 2019, 01:00:06 am »
Моторот и системот за ладење се чисти визуелно. Мала е веројатноста да влече антифриз низ мотор.

Ако сеуште претпоставиме дека ладилникот е добро заварен, тогаш провери околу цревата и издувната грана дали имаш бело/розеви остатоци од "испечен" антифриз.

Како што кажа некој член погоре можно е да лизга од некое црево на граната или на затоплен дел од моторот и да испарува инстантно.

Повози ја колата, да качи температура, крени хауба и посматрај со батерија убаво по целиот вод на антифризот од резервоарче до резервоарче. Ако капе од некаде мора да покаже.

Најдобро е кога гледаш да и даваш туража за да може водната пумпа да набива притисок. Ќе ти треба некој да седи у кабина и да цапка на гас.

Sирни го делот од хладњакот што е заварен, провери и таму да не имаш загуби или мало капење кога ќе даваш туража.

Ако се е визуелно чисто без никакви траги од течење, тогаш нема што да е друго освен да го влече антифризот во некој од цилиндрите и да го дува низ ауспух.

Отсутен queqe

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 27
Одг: Постепено губење антифриз
« Одговори #19 на: 09 Јуни 2019, 09:43:10 am »
Имав сличен проблем на чинкве-то и тоа од ново купено.Тече хладњакот на спој со пластиката али тоа сега не е битно.Тоа казанче кај што се достава антифриз кога ке загрее моторот е под притисок и има малку и улога на експанзија а капачето е со сигурносен вентил веројатно околу 0.3-0.5 бари Кај мене трошеше 300-400грама месечно .Тоа капаче кога  го затворам не го престегам за да може малце порано да “издиши* да не прави поголем притисок во систеот оти на помал притисок помалце тече. Дваес години така се вози и не губи антифриз .Знам дека ова не е вистинско решение али е подобро него кинески хладњак
 

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4996
Одг: Постепено губење антифриз
« Одговори #20 на: 09 Јуни 2019, 11:45:06 am »
Ако го влече во цилиндар да го гори ќе се види 100%, антифризот многу дими кога гори

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: Постепено губење антифриз
« Одговори #21 на: 09 Јуни 2019, 14:16:03 pm »
Не дими ништо невообичаено. Можам да приметам доколку се сменило нешто пошто патувам секојдневно и зјапам на ретровизори пречесто да не ме однесе некоја будала по патиштава. Или јас да му улетам у лента...

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Постепено губење антифриз
« Одговори #22 на: 09 Јуни 2019, 15:10:08 pm »
Извади хладњакот и провери го дали пушта под притисок. Тргни од каде што започнал проблемот зошто вака можеме до утре да нагаѓаме. Е после ако тој е ок (да се надеваме дека не е) идеме понатака.

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: Постепено губење антифриз
« Одговори #23 на: 23 Јуни 2019, 12:45:30 pm »
Мал апдејт:

Бидејќи во фрки бев деновиве со работа и патување - не успеав да ја однесам на мајстор. Почна повеќе да губи, за две недели отиде од минимум означеното на резервоарот до реалниот минимум т.е до дното. Вчера беше и истечено под колата околу 50-100гр антифриз.

Претпоставувам дека тоа што го правеле со хладњакот се однаправило  :-X
Утре морам да ја однесам да ја средат, лето иде поинтензивно, одмори доаѓаат...

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: Постепено губење антифриз
« Одговори #24 на: 24 Јуни 2019, 19:44:03 pm »
Bump:

Отидена е водната пумпа, хладњакот бил здрав. Колава ја имам веќе 9-та година и не сум менувал до сега пумпа.
Со цена како стојат, знае некој? Maда и небитно е, мора да се направи, лето иде, а со тоа и одмори...

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Постепено губење антифриз
« Одговори #25 на: 24 Јуни 2019, 20:08:08 pm »
Како се потрефи да отиде пумпата веднаш по сударот со мачката.

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: Постепено губење антифриз
« Одговори #26 на: 24 Јуни 2019, 20:13:54 pm »
Како се потрефи да отиде пумпата веднаш по сударот со мачката.

Мислам дека не е баш тоа последица, само никогаш не обратив внимание на следново:

Сега гледав некои видеа на YouTube со расипани водни пумпи и скоро на сите имаше таков chirping звук од под хауба. Ова го слушав на Фиатот веќе некој месец и дефинитивно пред ударот со мачката. Сега само се поклопија работите ваљда...

Отсутен damjanku

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 301
Одг: Постепено губење антифриз
« Одговори #27 на: 24 Јуни 2019, 22:58:13 pm »
^Водната пумпа за овој мотор мислам дека беше 1800 денари метели што е добра пумпа, најверојатно имаш и поскапи и поефтини, би ти предложил бидејки се вади ребраст каиш за замена на водната пумпа ако не си правел голем сервис досега да си смениш и сет ребраст за да ти биде мирна глава и да не плаќаш дупло трошоци за работа во иднина.

BTW штом имаш звук од водната пумпа и не би ти препорачал така да ја возиш колата.

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: Постепено губење антифриз
« Одговори #28 на: 12 Јули 2019, 10:09:47 am »
Да дадам последен апдејт за темава, ви благодарам за сите совети  8)

Пред 10-тина дена сменета водна пумпа (2200 денари), сет ребраст (цена не ми текнува сега) и додаден антифриз G12+.
Досега за поминати 1120км (патувам ШТ-СК на работа), нема изгубено антифриз, да чукнам во дрво пу пу. Во недела одам на одмор, така да веројатно конечно се среди колава пред да фатам патот...