Мислам дека нема потреба од докажување меѓу нас која марка, која фирма итн е добра, подобра или најдобра...Обично такви податоци праваат компании кои водат статистики за продажба, квалитет услуги, итн за големите компании...
+ Секоја компанија си има свој маркетинг и менаџерски тим кој најдобро знае што ке биде таргет за профит, односно која ке биде целна група на потрошувачи, и нормално какви производи ке понуди за која цена...
+ како што реков, JBL е фирмиште за кое незнам дали некој нема слушнато, а ако почнам да набројувам на пример фирми за звучници и појачала, 90% од членовите на форумот кој мислат дека имаат озвучење, или дека знаат многу за озвучење или пак работат со озвучење, нема да можат ни на гугл да најдат инфо за тоа...
И најлошата работа кај момците кои монтираат озвучење е тоа што 90% од нив не знаат ни зошто се монтира осигурач близу до акумулатор, зошто служи осигурачот на појачалото, зошто служи кондензатор и која е неговата улога, дали е подобро да се стави акумулатор + одколку електролит и уште ред други прашања кои се учат во прво тромесечје од 7-мо одделение кога се почнува со учење на физика.
Него не сме тука да си ги мериме, него да споделиме знаење, искуство итн...
Така да не сакам да помине темава во препуцавање него да се одвива во насока која е и започната.
Ај убав ден и не ме нервирајте зошто ке ве наплескам.
