Автор Тема: CARclub Тест: Peugeot 508 2.0 BlueHDI 160 Allure  (Прочитано 11680 пати)

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: CARclub Тест: Peugeot 508 2.0 BlueHDI 160 Allure
« Одговори #15 на: 22 Април 2019, 22:55:41 pm »
@zeroSignal како ја оценуваш завршната обработка на ентериерот?

Имав можност на да поминам некое време со 508 со истиот мотор, и истото ниво на опрема во Бугарија.

Имам впечаток дека Пежо се обиделе да направат револуција во дизајнот ама на некои места заборавиле да ја доработат колава.

Панелите на вратите се многу лошо споени со каросеријата
Рабовите од повеќето пластични панели се "неизбрусени" и се гледа дека фали финиш и доработка
Пластиките на вратите се многу нерафинирани, тврди и со лоша текстура
Седиштето на возачот имаше изгубено форма во седечкиот дел после скоро 10к киломентри
Возачот има многу малку простор во делот за нозете и реално е многу тесно лево и десно долу под колената
При нагли вртења нозете ми допираа во средишната конзола меѓу седиштата
Средишната конзола околу менувачот ми е сосема вишок и лошо испланирана, без никаква функционалност и потреба да биде таква каква што е
Гумените кедери на вратите се со чудна стрктура, како да се изработени од рециклирана гума која што само што почнала да избледува
Вратите при затварања даваат многу чуден и ефтин звук, како да затвараш врата од некој корејски градски бестселер

Лично мислам дека од надвор колава е одлична. Внатре е over designed и непотребно напукана со "реквизити и финти" кои што немаат функција.

Моторот е солиден, менувачот исто така солиден.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Peugeot 508 2.0 BlueHDI 160 Allure
« Одговори #16 на: 22 Април 2019, 23:04:06 pm »
Хм.. Да бидам искрен, не приметив нешто конкретно лошо да ми смета. Баш мислам дека генерално фино е склопено скоро сè. Не се баш на ниво на германците, ама ќе стигнат.

Ако сакаш, може да одиме деновиве до салон заедно, да ја ѕирнеме колата и да ми покажеш што точно ти смета.

На пример, јас не приметив некој панел да е лошо легнат или лошо наместен. Скоро сите површини што генерално се допираат се прилично добри и меки на допир. Има ситни моменти што можат да бидат подобри, ама има секаде - а и мене многу повеќе ми сметаше piano black моментот на централната конзола.

Дека е тесничка колата, тесничка е. Не го оспорувам тоа - ама тоа не ми е забелешка или негативност, едноставно таква е колата. Мене ми одговара таквата конфигурација, односно некако побезбедно се чувствувам. Да, се согласувам дека централната конзола е нијасна преширока и дека има изгубено простор, ама да сме живи и здрави.

Кедерите не ги забележав да бидам искрен. Не им обрнав внимание едноставно.

За седишта после 10.000 км стварно не можам да коментирам. Колата што јас ја добив е релативно нова со неколку илјади поминати километри.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20115
Одг: CARclub Тест: Peugeot 508 2.0 BlueHDI 160 Allure
« Одговори #17 на: 23 Април 2019, 05:35:31 am »
Заборавив да ја споредам колава со Артеон кој е многу поголем и има повеќе простор од 508. Неприфатливо ми е мене кола што сака да се натпреварува со Артеон да има толку помалку простор, а уште понеприфатливо ми е да не е на ниво на изработка со Артеон. И двете овие коли е идиотски да се купат кога ќе се види дека цените веќе им се во територија на А4, Ц класа и 3 серија.

Но ако станува збор за простор потребен тука завршува муабетот.

https://youtu.be/GK5aoyWGGpc?t=165
https://youtu.be/I4kPDI_CahM?t=196
« Последно менување: 23 Април 2019, 05:45:04 am DarthJe5us »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Peugeot 508 2.0 BlueHDI 160 Allure
« Одговори #18 на: 23 Април 2019, 08:11:19 am »
508 е конкурент или буџет варијанта со ауди А5, не со Артеон.

Слични карактеристики имаат. Ниски, убави, слично седење, слично простор.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Peugeot 508 2.0 BlueHDI 160 Allure
« Одговори #19 на: 23 Април 2019, 08:39:13 am »
Најдиректен конкурент му е Arteon, и французите си кажаа лани во Монако. Не знам зошто мислиш дека не е.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Peugeot 508 2.0 BlueHDI 160 Allure
« Одговори #20 на: 23 Април 2019, 08:56:12 am »
Зошто така мислам дека е. Артеонот е погломазен, потенкест и помалку динамичен.

А5 е слична димензија, осетот внатре е многу сличен со 508, просторот е посличен, самата кола е многу многу послична со 508 во секој можен поглед. Тесно малку клаустрофобично и спортско седење, гепекот е сличен, изгледот е сличен. Возните карактеристики и однесувањето во непредвидливи ситуации. Се е слично меѓу А5 и 508, за разлика од тоа што со Артеон скоро ништо мене не ми личи слично.

Јас така ги перципирам.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Peugeot 508 2.0 BlueHDI 160 Allure
« Одговори #21 на: 23 Април 2019, 09:08:27 am »
Во реалноста, тука се некаде сите. 508 Arteon ти делува поголем пошто ја презема кабината директно од Passat и има повеќе простор внатре.

508 / Arteon / A5 Sportback

Должина: 4760 / 4862 / 4733
Ширина: 2079 / 2127 / 2029
Висина: 1403 / 1450 / 1386
Меѓуоскино: 2793 / 2737 / 2824

Директни ривали се сите три, да речеме. Arteon-от е најголем, ама не со некоја огромна разлика. Колку што се сеќавам, во оргиналниот прес рилис ги спомнуваат и А5 и Артеон. :)

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: CARclub Тест: Peugeot 508 2.0 BlueHDI 160 Allure
« Одговори #22 на: 23 Април 2019, 09:22:24 am »
Хм.. Да бидам искрен, не приметив нешто конкретно лошо да ми смета. Баш мислам дека генерално фино е склопено скоро сè. Не се баш на ниво на германците, ама ќе стигнат.

Ако сакаш, може да одиме деновиве до салон заедно, да ја ѕирнеме колата и да ми покажеш што точно ти смета.

На пример, јас не приметив некој панел да е лошо легнат или лошо наместен. Скоро сите површини што генерално се допираат се прилично добри и меки на допир. Има ситни моменти што можат да бидат подобри, ама има секаде - а и мене многу повеќе ми сметаше piano black моментот на централната конзола.

Дека е тесничка колата, тесничка е. Не го оспорувам тоа - ама тоа не ми е забелешка или негативност, едноставно таква е колата. Мене ми одговара таквата конфигурација, односно некако побезбедно се чувствувам. Да, се согласувам дека централната конзола е нијасна преширока и дека има изгубено простор, ама да сме живи и здрави.

Кедерите не ги забележав да бидам искрен. Не им обрнав внимание едноставно.

За седишта после 10.000 км стварно не можам да коментирам. Колата што јас ја добив е релативно нова со неколку илјади поминати километри.

Оваа недела сум убер зафатен, ама ќе ти пишам ПП ако се ослободам и ако си ти слободен да напраиме инспекција на Пежото и кафе ќе пиеме.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: CARclub Тест: Peugeot 508 2.0 BlueHDI 160 Allure
« Одговори #23 на: 23 Април 2019, 11:47:07 am »
Зошто така мислам дека е. Артеонот е погломазен, потенкест и помалку динамичен.

А5 е слична димензија, осетот внатре е многу сличен со 508, просторот е посличен, самата кола е многу многу послична со 508 во секој можен поглед. Тесно малку клаустрофобично и спортско седење, гепекот е сличен, изгледот е сличен. Возните карактеристики и однесувањето во непредвидливи ситуации. Се е слично меѓу А5 и 508, за разлика од тоа што со Артеон скоро ништо мене не ми личи слично.

Јас така ги перципирам.

Директен конкурент е со Артеон според цена и филозофија - како стилски купе-седан со четири врати. Сепак 508 доаѓа како помодерна, подинамична и помала алтернатива. Артеонот порасна во димензии од Passat CC со кој мислам дека 508 има најслични димензии и пропорции, бидејќи кога го видов во салон веднаш ме потсети на CC.

Инаку сосема доволно место има 508 на задната клупа при нормално седење. На видеото Вотсон (висок 180 цм) допира со главата само ако се исправи и се навали целосно назад, во позиција во која никој патник на задната клупа нема да седи.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Peugeot 508 2.0 BlueHDI 160 Allure
« Одговори #24 на: 23 Април 2019, 12:05:11 pm »

Помодерна, подинамична, помала и пред се многу поспортска алтернатива.

Артеон ми делува најнеспортски од сите во класата, сосем спротивно на 508 и А5 кои ми делуваат меѓу најспортските. И за нив би употребил зборови како "спортско и стегнато", епитети кои за Артеон не би биле соодветни.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: CARclub Тест: Peugeot 508 2.0 BlueHDI 160 Allure
« Одговори #25 на: 24 Април 2019, 22:56:20 pm »
Вака на слики, впечатлив.
А и ентериерот многу свемир.

Грда не е .
Досадна не е .
Секојдневна, воопшто не е.

Да ја видам во живо сакам, па да кажам дали е добра.

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1132
Одг: CARclub Тест: Peugeot 508 2.0 BlueHDI 160 Allure
« Одговори #26 на: 24 Април 2019, 23:18:30 pm »
Со среќа нека им е на тие со троц-ови, 500x-ови, џукови и слични „џипчиња“, со сите работи што ги наброја погоре (освен јавање тротоари, за тоа пеќи).
Тоа се далеку од џипови.
Инаку на темава, количево е еротика, GT верзијата ќе им ги стресе јајцата на KIA Stinger и на Alfa Romeo.  Пежо се враќа полека на славата од пред некои 15-20 години.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: CARclub Тест: Peugeot 508 2.0 BlueHDI 160 Allure
« Одговори #27 на: 24 Април 2019, 23:26:21 pm »
Можам да замислам како би изгледала купе верзијата, ако ја има.
Пример 406 купе ми е еден од најубавите дизајни, евер...

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Тест: Peugeot 508 2.0 BlueHDI 160 Allure
« Одговори #28 на: 25 Април 2019, 00:33:20 am »
Обично се купуваат затоа што се седи повисоко(повеќе се гледа над сообраќај), лесно се влегува и полесно се качуваат низ град и затоа што имаат повеќе простор секаде внатре од Пежово.

Има тука многу вистина. Сепак, мислам дека повеќе се купува ради тренд него ради нешто друго. Помодарство. „Поголемо“ возило да се има.

508 е еквивалентно на 3008, да речеме. Нема во 3008 многу повеќе простор, да бидеме реални.

Полесно влегување и излегување е некаков фактор - ама не толкав. На пример, на постари луѓе повисоки возила им се проблем, а не обратно. Полесно им е „да се спуштат“ во кола него да се качат - секако, сè додека не праиме муабет за спуштена или спортска кола. Е сеа, тука игра улога и висина на човек, итн, итн, многу фактори има.

@Fic_CC @vlatko.klp Ај малку опрајте ниво на муабет.

Зошто јас гледам дека е обратно?
Со стари луѓе се занимавам моментално. Кај повисока кола им е многу полесно влези/излези зошто им е на ниво на задникот. Кога имав пониска кола проблем беше клекнувањето. Сега со повисока кола очигледно е дека е полесно за старци.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: CARclub Тест: Peugeot 508 2.0 BlueHDI 160 Allure
« Одговори #29 на: 25 Април 2019, 00:58:35 am »
И кај мене е слично. Во едната кола седењето е да кажеме нормално за лимузина, во другата е пониско од нормално и одма имаат проблем. "Џипче" им е идеално :)
« Последно менување: 25 Април 2019, 01:06:32 am Banzai »
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.