@zeroSignal како ја оценуваш завршната обработка на ентериерот?
Имав можност на да поминам некое време со 508 со истиот мотор, и истото ниво на опрема во Бугарија.
Имам впечаток дека Пежо се обиделе да направат револуција во дизајнот ама на некои места заборавиле да ја доработат колава.
Панелите на вратите се многу лошо споени со каросеријата
Рабовите од повеќето пластични панели се "неизбрусени" и се гледа дека фали финиш и доработка
Пластиките на вратите се многу нерафинирани, тврди и со лоша текстура
Седиштето на возачот имаше изгубено форма во седечкиот дел после скоро 10к киломентри
Возачот има многу малку простор во делот за нозете и реално е многу тесно лево и десно долу под колената
При нагли вртења нозете ми допираа во средишната конзола меѓу седиштата
Средишната конзола околу менувачот ми е сосема вишок и лошо испланирана, без никаква функционалност и потреба да биде таква каква што е
Гумените кедери на вратите се со чудна стрктура, како да се изработени од рециклирана гума која што само што почнала да избледува
Вратите при затварања даваат многу чуден и ефтин звук, како да затвараш врата од некој корејски градски бестселер
Лично мислам дека од надвор колава е одлична. Внатре е over designed и непотребно напукана со "реквизити и финти" кои што немаат функција.
Моторот е солиден, менувачот исто така солиден.