Да направиме еден апдејт.
Денес 15.11.2021 на 226337км извадени летните Hankook Ventus Prime 3 и монтирани зимските BFGoodrich G-Force Winter 2.
Од 01.04.2021 до денес 15.11.2021 со летните се поминати 4680км,или се вкупно со летните Hankook Ventus Prime 3 од кога ми се купени 09.05.2019 до денес се извозени некаде 15828км.
Утрово пред да го наместам зимскиот сет проверена предницата,чуствував некоја луфта,шраф на десното долно рамено беше лабав,проверени и притегнати сите шрафови на предницата,нема ништо за менување.
Се најде и проблемот што го предизвикува цивкањето,не е каиш ниту кумплуг шајбна.Проблемот банален но тешко решлив.Цивкањето настанува од вибрациите на затегачот на ПК каишот,самиот лагер не предизвикува звук,осовинката на затегачот го прави звукот, тие милиметарски вибрации на затегачот.При работа на моторот со клуч кога ке напниш и фиксираш малку затегачот звукот го снемува,Кога ке го пуштиш и затегачот ќе почне да вибрира малку звукот се јавува.За да се подмачка осовинката или промени затегачот потребно е цел челен лим заедно со ладници и перки да се извади за да се интервенира,истото растурање како и промена на ребраст каиш.Така да звукот ќе си го слушам уште долго време.
За ова станува збор.