Автор Тема: CARclub Тест: Volkswagen T-Roc 1.6 TDI 115  (Прочитано 21183 пати)

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1727
Одг: CARclub Тест: Volkswagen T-Roc 1.6 TDI 115
« Одговори #30 на: 16 Април 2019, 22:28:40 pm »
Среќа за цената почна да се зборува, инаку ќе отидеше у заборав Т-Rock-ов со 1/2 страна на форумов.
Ноуп. Се зборува за возилото и дали тоа како пакет вреди за посочената цена.

Да беше цената 13990 контекстот ќе беше поинаков.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Тест: Volkswagen T-Roc 1.6 TDI 115
« Одговори #31 на: 16 Април 2019, 22:29:15 pm »
дали ова возило навистина вреди за каталошката цена од 25 илјади евра или е преценето?

Дали вреди за 25.000 евра? Погледни ги фотографиите, погледни ја рачката на возачката врата, погледни ја конзолата под централниот дисплеј. Ете дали вреди 25.000 евра.

Инфлацијата во Македонија е до 2%.

Општиот пораст на цената на новите возила нема никаква врска со инфлација. Инфлација значи опаѓање на вредноста на валутата и нема никакви допирни точки со муабетов. Ова што цените нановите модели пораснаа се должи на тоа што опремата на повеќето овие марки грото ги произведуваат едни те исти производители односно групации на производители. А фирмите се групираат во групации за да остварат економии од обем и да постигнат повисоки профити. Кога имаш неколку групации што го држат најголемиот дел од пазарот во светот многу е лесно да се договорат да го качат општото ниво на цените. Како ова го прават е друг муабет, не е битно сега во моментов.

Генерално мене како концепт ме бендисува возилцево. По таа цена не би го купил зошто има подобри.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: CARclub Тест: Volkswagen T-Roc 1.6 TDI 115
« Одговори #32 на: 16 Април 2019, 22:31:44 pm »
Ако сакате поефтин Т-Рок, купете си Карок од Шкода.

Ако Карокот е скап, оооондак Дастер.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1727
Одг: CARclub Тест: Volkswagen T-Roc 1.6 TDI 115
« Одговори #33 на: 16 Април 2019, 22:34:43 pm »
Ако сакате поефтин Т-Рок, купете си Карок од Шкода.

Ако Карокот е скап, оооондак Дастер.
Не сакаме поевтино. Сакаме да развиеме критички пристап со цел да не не заебаваат производителите (и импортерите) со преценети возила.
Ако влезам со 25к у салон, да излезам со достоен производ.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: CARclub Тест: Volkswagen T-Roc 1.6 TDI 115
« Одговори #34 на: 16 Април 2019, 22:36:17 pm »
Среќа за цената почна да се зборува, инаку ќе отидеше у заборав Т-Rock-ов со 1/2 страна на форумов.
Ноуп. Се зборува за возилото и дали тоа како пакет вреди за посочената цена.

Не, ама да... :)
Дали вреди за посочената цена = за цената се зборува. За возилото - слабо некако... „добро изгледа/лошо изгледа“, „има опрема/нема опрема“, „добро вози/не вози добро“, „собира кошаркари на задно седиште/само џуџиња може да седнат позади“ итн... тоа се муабети за возилото.
Иљаду евра повеќе од ова, 200 евра помалку од она, попуст у салон на лепе очи, цена само за тебе дечко итн, тоа се муабети за цената.
Оние погоре муабети никаде ги нема, и ќе си отидеше у заборав со својата просечност аутово. Што е ок.  Али кога веќе нема што да се зборува за аутото, цената стално привлекува дискусии...висока или ниска, ќе има муабет.
Не ме разбирај погрешно, не ми пречи што дискутирате за цените, ок е тоа. Само сакав да ја истакнам просечноста на аутово..

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1727
Одг: CARclub Тест: Volkswagen T-Roc 1.6 TDI 115
« Одговори #35 на: 16 Април 2019, 22:41:52 pm »
Аутото не знам дали е просечно додека не го повозам.
Според тоа што го гледам како факт односно:

- класа
- мотор
- димензии
- позиционираност на брендот ( не е премиум)

моето расудување е дека е прескапо. Возилото како такво. Не мојата куповна моќ, не твојата куповна моќ, не македонскиот џидипи. Ништо од тоа.
Само конкретниот модел. Да бил со 4х4,  180-200 коња мотор и највисоката опрема, друг би бил муабетот.
 Примерот со Пасатот е намерно ставен за да се добие каква-таква споредба на оваа цена и таа со 2 класи поголем модел.
Во овој случај мислам дека беше крајно соодветна.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Тест: Volkswagen T-Roc 1.6 TDI 115
« Одговори #36 на: 16 Април 2019, 22:45:47 pm »
Не е премиум, ама е најбољи

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: CARclub Тест: Volkswagen T-Roc 1.6 TDI 115
« Одговори #37 на: 16 Април 2019, 22:46:53 pm »
Ако сакате поефтин Т-Рок, купете си Карок од Шкода.

Ако Карокот е скап, оооондак Дастер.
Не сакаме поевтино. Сакаме да развиеме критички пристап со цел да не не заебаваат производителите (и импортерите) со преценети возила.
Ако влезам со 25к у салон, да излезам со достоен производ.

Се согласувам со тебе. Верувам и сите останати, затоа што секој сака да добие најмногу за парите што треба да ги вложи во возилото.

Арно ама, во бизнисот постои нешто што се вика побарувачка и понуда. Во последниве неколку години, хајпот е да се поседува СУВ возило. На глобално ниво, луѓето сакаат СУВ. Тоа е факт.

Производителите го намирисаа моментот, и нормално штом има побарувачка, ќе има штанцање на нови модели, со маржа која е напумпана. Штом помине хајпот за СУВ, иситите ќе бидат масовно заменети со некој друг концепт на возила и веќе продадените СУВ ќе бидат се почести и поефтини на понудата на половни возила. Сличниот феномен се случува и со караван изведбите на седан возилата. Чинат 1000 евра поскапо кога ги нарачуваш, и вредат многу помалку од нормалниот седан модел кога се продаваат на старо.

Ние не можеме ништо да направиме во однос на цената. Ако ФВ одлучил Т-Рок да чини 25к, Киа ќе одлучи Спортаж да чини 20к, Дачија ќе продава Дастер за 18к. Пазарот ќе ги голтне овие возила и по тие цени затоа што реално има побарувачка.

Нормално дека има Пасат за 25к, Октавија РС, Фокус СТ, Мерцедес Б класа, Мерцедес А класа, БМВ 2, БМВ 1.... Ама не се барани, не се атрактивни за широка потрошувачка.

Токму од истите или слични причини нов Ајфон секоја година има се повисока цена. Има пациенти, ќе платат, ќе го купат.

Капитализам, слободен пазар, слобода на избор, профит, 21 век. Секој има право да ги троши парите како сака, и на што сака.

Западниот свет е базиран на конзумеризам, и на постојано купување на производи кои што "мора" да ги имаш.

Тоа е. И мене не ми е баш по ќеиф, ама таа е реалноста, колку и да не сакам јас или ти да ја прифатиме.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: CARclub Тест: Volkswagen T-Roc 1.6 TDI 115
« Одговори #38 на: 16 Април 2019, 23:44:04 pm »
Само да помислиш на VW, 3.000 евра, ако некому му е скапо нека помисли нешто друго.
Само да помислиш SUV,  3.000 евра, ако е многу прибери си ги мислите.
Ако е тазе модел, 3.000 евра, во спротивно иди на модел во залез.

25.000-9.000=16.000 или Кia Ceed crdi по две години сметано од сега ;D

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3845
Одг: CARclub Тест: Volkswagen T-Roc 1.6 TDI 115
« Одговори #39 на: 17 Април 2019, 01:32:01 am »
Цената на колите е поскапена во мал дел заради инфлацијата, дел заради ќарот на прозиводителите кој треба да е што поголем, поголем дел заради се построгите еколошки Еуро норми кој за да се задоволат е потребен скап R&D и дополнителни филтри и процеси, дел заради тоа што сега во колите има многу повеќе дополнителна опрема како радари, сити асист, автоматски кочења, препознавање на умор и уште мал милион работи кој што сега се скоро па стандардна опрема а пред 15 год ги имаше само во S - Class и компанија, дел секако и заради се поголемата пасивна безбедност на возилата а секако дел има и тоа што сега возилата се полни со екранчиња и гаџети кои што се ефтини за производство но некој мора да ги плати сосе маржа на крај.

Инаку и мене не ми се допаѓа воопшто што се поскапени возилата доста, правам споредба со моето возило од 2009 и гледам дека сега за истото возило требаат минимално 10% повеќе пари (понова генерација секако), но тоа е тоа. Сакаме телефони со 5 камери, коли со многу опрема, современи мотори и менувачи и сето тоа треба да се плати :)
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: CARclub Тест: Volkswagen T-Roc 1.6 TDI 115
« Одговори #40 на: 17 Април 2019, 07:28:25 am »
Т-Рокот е безобразно скап особено ако сакаш да се опуштиш со добар мотор и опрема. Уствари може многу лесно да стигнеш блиску 30к. И после разумен човек ќе рече па можам Пасат да купам за тие пари кој што ќе има подобро возење, ќе биде потивок, побрз итн инт. Ама работите не функционираат така. Нема веќе евтин сув или кросовер. Па еден Дастер веќе со нормален мотор и опрема се продава за преку 15к.

Неможе цената да ја тумачиме од аспект дека производителите ја дигаат со цел зголемена маржа, туку мора пред се како што кажа Саше91 да се вкалкулира r&d. Можеби од пасат имаат маржа 2% од т-рок 3 % ама парите потрошени за развој на т-рок од каде доаѓаат? Така да не би се замарал многу со концептот вложено добиено. Уствари тоа таргетира само одредена група/класа на луѓе. Затоа имаме избор од Дачија па се измеѓу и доаѓаме до Мерцедес/Лексус итн.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Volkswagen T-Roc 1.6 TDI 115
« Одговори #41 на: 17 Април 2019, 08:02:21 am »
2%? 3%? Повеќе како 15% и 40% :) или 5% и 25%...

Зошто сите форсираат сув? Носат ненормални пари заради огромните маржи и 0 р&д.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3776
Одг: CARclub Тест: Volkswagen T-Roc 1.6 TDI 115
« Одговори #42 на: 17 Април 2019, 08:17:37 am »
Кој развој, истата платформа за сите модели, истите мотори, истите менувачи, истита мултимедија итн.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: CARclub Тест: Volkswagen T-Roc 1.6 TDI 115
« Одговори #43 на: 17 Април 2019, 08:41:34 am »
2%? 3%? Повеќе како 15% и 40% :) или 5% и 25%...

Зошто сите форсираат сув? Носат ненормални пари заради огромните маржи и 0 р&д.
Ти може на пример да форсираш дека си експерт на секое поле ама дали си навистина?

Така и со сувоиве и кросовериве. Некој ги форсира зошто некој уствари може да ги купи. Многу е проста работата.

Кој развој, истата платформа за сите модели, истите мотори, истите менувачи, истита мултимедија итн.
Па токму тоа, за нешто да биде на иста платформа да може да направиш 10 различни автомобили е огромна придобивка, а таму не се стига преку ноќ. Затоа ќе си платиш за некој што му ја мислел.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Volkswagen T-Roc 1.6 TDI 115
« Одговори #44 на: 17 Април 2019, 09:04:12 am »
Кој развој, истата платформа за сите модели, истите мотори, истите менувачи, истита мултимедија итн.
Така некако му доаѓа, само цената значително повисока, а народ купува заради мода. :) Идеална ситуација за производителите.