Ги има сите квалитети кои веќе ги очекувам од Lexus, плус повеќе. Прво и основно, изгледа многу добро, особено од напред. Можеме да дискутираме колку добро ќе старее овој дизајн, но сепак мене ми изгледа одлично.
Кабината е.. Да ти е мерак да седиш. Од супер-комфорни седишта, до одлични материјали (скоро секаде), до врвна завршна обработка. Секоја чест на Lexus, up there со Audi се кога станува збор за кабини и завршна обработка на кабини (барем кај „цивилни“ брендови). На задната клупа има мноооогу простор, за глава може да биде малце тесничко, ама не е проблем. Голем багажник.
Она што е врвно кај колава е мазнотијата со која се движи. Едноставно, како што вика Дени - smooth. Браво. Бра-во.
Ме радува дека кај нас веќе се продадени неколку примероци. Се опаметуваат луѓе.