Имаш воздух во хладњачето за парно. Може да пробаш една финта, ако не знаеш како да го испуштиш воздухот од системот:
Кога ти е ладна колата, отвори го капачето од експанзиониот сад, запали ја колата, остави да загрее и да отвори термостатот. Нивото во садот ќе се подигне кога ќе загрее, дури и може да прелее. Изгасни ја колата, затвори го капачето, кога ќе се олади, вакуумот што ќе се создаде во системот, би требало да помогне да излезе воздухот од хладњачето. Ако не, провери со некој исусен како правилно се испушта воздух од системот на твојата кола.