Автор Тема: Антифриз  (Прочитано 162150 пати)

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг:
« Одговори #375 на: 18 Мај 2016, 15:48:49 pm »
Само бетер ке го раскопа ако е оштетен дихтунгот.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Антифриз
« Одговори #376 на: 18 Мај 2016, 15:49:55 pm »
Наводно зелениот и плавиот ги раскопувале каналите и дихтунгот во овие алуминиумски мотори, а со црвениот немало мака. Затоа и веќе ако го прочистувам, барем со дестилирана вода без никакво средство или прашок, само со вода, да проврти неколку пати водата во тие 50 километри, испуштање и ставање нов црвен антифриз.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг:
« Одговори #377 на: 18 Мај 2016, 18:46:11 pm »
Ај прочепкај малку по нет и види која беше разликата помеѓу црвениот плавиот и зелениот.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Антифриз
« Одговори #378 на: 18 Мај 2016, 19:00:51 pm »
Купив пред 1 час, 4 литри G12

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Антифриз
« Одговори #379 на: 18 Мај 2016, 21:05:51 pm »
не се води по тоа кој што им правелна деловите,туку едноставно тури од тој што е пропишан за колата
еве јас веќе 3та година возам плав антифриз на алуминиумски блок

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Антифриз
« Одговори #380 на: 18 Мај 2016, 22:42:46 pm »
Mene mi gubi po.300ml nedelno ama ne od dihtung tuku od crevo i nikako nemam vreme da go zamenam samo doturam.Ako dihtungot e zafrknat podobro da si go smenis poso antifrizot ne igra uloga vo vrska so nego.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Антифриз
« Одговори #381 на: 18 Мај 2016, 23:09:25 pm »
Вака, сето тоа ми е сомневање затоа што нема никакви траги доле на бетон после возење. Дури и после одредено агресивно возење, застанав, оставив да работи моторот, притоа сите црева беа меки на допир и немаше никакви меури во казанчето. Затоа велам се сомневам, затоа што за 5000 км имам дотурено негде 2-2.5 литри антифриз, т.е еднаш чист концентрат, а останатиот пат само дестилирана вода.
Е сега го менувам затоа што незнам колку време е моментално стар антифризот што се наоѓа во ладилникот, плус што на странскиве форуми за шкода препорачуваат за овој мотор G12 да се става, плус и некои луге со фелиции што имале исто така таков ставале, а не плав или зелен.
Понатаму ако почне на 1000 км или помалку од 1000 да губи по 1 литро, тогаш ќе се мисли за дихтунг.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Антифриз
« Одговори #382 на: 19 Мај 2016, 00:00:31 am »
а зошто не ставиш како што пишува во service manual ?

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Антифриз
« Одговори #383 на: 19 Мај 2016, 00:01:16 am »
Па не ми пишува во упатството каков антифриз и кои спецификации.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Антифриз
« Одговори #384 на: 19 Мај 2016, 00:05:01 am »
какво упаство имаш?
неможеш да најдеш на нет фул упатство ?
зошто големи збрки може да ти направи грешен антифриз на подолг период

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Антифриз
« Одговори #385 на: 19 Мај 2016, 00:11:52 am »
Па имам барано али тешко. Башка и сегашниот антифриз што го имам, бог знае од која бензинска е ставен и во каков сооднос антифриз-вода е внатре.
Затоа велам, со совети од повеке луге што возеле фелиции, плус совети од соседниве форуми за шкода, G12 или тој органски црвен (додуша портокалов е) антифриз бил најсоодветен.

Еве и спецификации на тој што го земав погоре на сликата, го добив за солидна цена


Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Антифриз
« Одговори #386 на: 28 Мај 2016, 19:37:22 pm »

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Антифриз
« Одговори #387 на: 11 Јуни 2016, 04:32:12 am »
Што може да се случи ако во системот имало одредена количина зелен антифриз, притоа е заменет со црвен Г12+ ?
Значи стариот антифриз го испуштив, ставив обична вода, два дена ја возев така, околу 50-тина км, потоа испуштена и таа течност и ставен новиот.
Во блокот сигурно имало останато 1 литро.
Значи што би се случило ако имало одреден процент на зелен антифриз, најверојатно Г11, притоа дотурено Г12 црвен ?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Антифриз
« Одговори #388 на: 11 Јуни 2016, 09:21:05 am »
под претпоставка дека системот собира 6 литри течност за ладење 50% антифриз, 50% вода во најбољи случај, ти си ја испуштил првиот пат, и останало едно литро, во системот, па си дополнил обична вода 5л, во системот растворот станал околу 5% антифриз.
После откако си го испуштил тоа, останало 1л течност со 5% зелен антифриз внатре. Откако на таа течност си ставил 5л 50% црвен антифриз, едвај 1-2% останало од зелениот антифриз. во целиот систем.

Ја не би му се секирал...Иако обично два пати со вода плакнам пред да ставам тазе антифриз...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Антифриз
« Одговори #389 на: 11 Јуни 2016, 11:26:06 am »
6 литри ми собира системот. Новиот антифриз го разредив 50-50.
Прашувам зашто чудно ми се однесува колата после промената на антифризот, речиси 90% од времето температурата ми ја држи закована на 100 степени, перката уклучува на 97 степени, дува цело време се додека не ја спушти на 90 степени, но тоа не се случува, дури и на празен булевар кога имам можност да покрузам, не успева да ја симне. Еве слика:


Ако застанам, ја изгасам и оставам во место перката да го лади ладилникот и откако после 5 мин ке изгаси перката, го палам моторот и температурата веднаш паѓа на 89 степени, за потоа постојано да почнува лека полека да расте температурата и тек на 96-97 степени ја пушта перката. По српскиве и хрватските форуми читав дека до 100 степена низ градски гужви била ок температура.
Пред 2 дена менував едно црево од плинот кое беше превиткано, исто и вентилот напукнат, па потоа испаднав малку на автопат до вториот исклучок за Илинден после Белви да ја видам како ќе се понаша, на автопат нормално, закована температурата на 90-91 при брзина од 130-140 км/ч.
На враќање, само што влегов во Скопје, на првиот семафор застанав, одма рипна на 100 степена температурата.
Цревата не ги дуе, сите се меки, лесно се притискаат, подеднакво се топли горе и доле, црева од парното, црева према расплињача исто така, нема меури во казанчето, нема бел чад ни на палење ни на додавање гас, нема ни бел мајонез на капачка од уље и шипката за уље.
Исто така и неколку пати бев до Сопиште по тоа угорниците ја имав тестирано, ни по нагорнини не ја тера преку 100 степени температурата.
За надоле по надолнините ја спушта, малку време и треба и тогаш, али ја спушта.

Ми останува да направам еден тест со постојано вклучена перка, па да видам како ќе се понаша, да видам дали е предоцна тоа вклучување на 97 степени на перката. Не дека и претходно не ми правела вака, знаела до 100 степена во гужва да ми крене, ама во прва прилика да провозам по празен булевар, рецимо од Рузвелтова до Соборна, и веднаш успевала да падне температурата, барем под 95 степени.

« Последно менување: 11 Јуни 2016, 11:39:03 am FiLo »