Автор Тема: Вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио во Toyota Corola E140/E150  (Прочитано 11912 пати)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Веќе подолго време на форумов слабо некако со проекти, модификации, и тешки комбинации, или пак луѓево немаат ни воља ни желба да пишуваат за ништо друго освен за политика.
Па си реков, ај да пишеме нешто. Ваква тема има, слична, за друго возило, поточно за Мазда 6, но заради промена на некој глобални матракукии, сликите ги нема, а текстот без нив е бесмислен. Ако модераториве сметаат дека е добро да се спојат темите, слободно, но јас сметав дека е подобро да биде оваа засебна.

Па да почнеме. Имено, станува збор вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио во Тојота Корола, 10-та генерација или пак позната под кодно име Е140/Е150. Фабричкото радио кое е вградено е со цд плеер кој чита МП3, нооо, кој во денешно време има живци да снима ЦД? Верувам никој.
Затоа дојдов на идеја да му вградам модул со кој ке се симулира ЦД шаржер и со самото тоа ке има можност да се слуша музика по желба на УСБ или пак на некој уред кој има излез за музика (телефон, таблет и слично). Модулот како и се во ново време е порачан од БабаАли за разумна цена.





Уредот стигна релативно брзо, за некаде 35 дена од денот на нарачка.
На YouTube ја имате целосно процедурата за демонтирање на радиото, но еве јас несебично ке ја споделам целата процедура низ слики, бидејќи немав услови тоа да го направам со камера (условите беа да монтирам сталак, ставам камера, влечам продужни дрн мрн, а ме мрзеше) па еве ке имате можност да ја видите целата процедура низ фотографии. И коментари нормално.
Најпрво се вадат пластиките покрај менувачот, па потоа и покрај радиото. Можете да користите пластични хебли, а и не морате, вадењето е релативно едноставно и без употреба на сила:





Следниот чекор е одштрафување на 4 штрафчиња со помош на клуче 10-ка монтирано на продужеток бидејќи се длабоки и го држат радиото.







По одштрафувањето на штрафчињата, следи вадење на горниот дел комплет со отворите за вентилација. Полека и едноставно се повлекува и подига нагоре. Треба да се внимава да не се откорне кабелот кој е приклучен на прекинувачот за 4 жмигавци или трепкачи, кој како сака нека ги вика  ;D



Потоа го извлекуваме радиото и внимаваме со каблите за да не откорнеме некој, а и да не изгребеме нешто од конзолата. Кога ке погледнеме позади, ќе видиме дека има еден единствен слободен конектор каде што ке треба да го уштекаме нашиот уред. Единствено и таму може, на друго место не (освен ако не сме доволно упорни  :-X  ::) ;D )







Одкако сме го направиле уштекувањето, ред е и да провериме дали сево ова ќе функционира. Се бива, уредот е од Кина, не е од Јапан  ;D
И, за голема среќа и мое огромно изненадување уредот функционира. Претходно е добро да имаме еден УСБ стик кој што ке може да го штекнеме и да пробаме. Јас имав една микро СД картичка која што ја збрцав во адаптерот кој што го добив со уредот.





Одкако сме сигурни дека се добро функционира и работи, враќаме се назад по обратен редослед. Приклучокот може да се смести по желба. Имаше опција и за дополнително џекче за да се монтира некаде и да се вклучува директ УСБ-то или пак како што сакав јас, кабелчето и другиот приклучок си ги ставив во фиоката. Воопшто не сметаат, не се гледаат и си се спастрени.
Операцијата успешна, се вратено на место, се си функционира и си работи.
И волкот сит и овците на број.




Што се однесува до квалитетот на звукот, тој е одличен. Неспоредливо подобар од оној ако користите било каков МП3 трансмитер.
Инаку целиот процес на растурање, вградување, тестирање и склопување траеше околу 45 минути.

Ени квешчнс?
 :-X
 ;D

Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Bravo.
Pitanje edno dali ovoj modul odgovara na primer Panasonic cd radio ili se prodava strikno po model na radio i cenata koja e od kaj cicko alija.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Bravo.
Pitanje edno dali ovoj modul odgovara na primer Panasonic cd radio ili se prodava strikno po model na radio i cenata koja e od kaj cicko alija.

Се продава конкретно за одредени модели на радија. Фабричкото радио е Панасоник, но тоа нема никаква врска. Ако мислиш на обично радио, не неможе овој уред да се монтира на него :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Јас имам вакво ставено во Полото пред 5-6 години. Си работи одлично. Само треба роот + 5 фолдери да се направат и во секој собира по 100 песни. И си бираш ЦД1-6 и која песна.

Многу функционално за постари возила за да се задржи оригиналното радио. Процедурата беше многу кратка, го извадив радиото, го штекнав, и го вратив радиото. А кабелчињата (УСБ и АУХ) ги насочив на полицата под воланот. Така да не повеќе од 5-10 минути работа.

П.С: Само му треба на почеток на ново УСБ неколку минути да го прочита.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
@SaleSk секоја чест за одлично документираниот процес на вградување.


Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
@SaleSk  во кој ценовен ранг се движи модулот? или сподели назив за лесно пребарување :)
иначе, одлично сработено, алал вера, мерак за читање.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
@SaleSk  во кој ценовен ранг се движи модулот? или сподели назив за лесно пребарување :)
иначе, одлично сработено, алал вера, мерак за читање.

https://www.aliexpress.com/item/QX005-Car-CD-MP3-3-5mm-USB-Aux-in-Adapter-For-Toyota-6-6P-Matrix-Prius/32652241231.html?spm=a2g0s.9042311.0.0.30f44c4dl2uoMa

Таман работа. Околу 20-тина евра се. Ова е со АUX и USB а инаку има и со цели модули Bluetooth за да може и бежично да се поврзуваш и слично. Обавезно да се контактира продавачот зошто голем дел од радијата не се содржани во списоците, така да може да настане курцшлус или куса врска на северно македонски  ;D ;D ;D
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43721
  • Il Moderatore
Одлични се овие уредчиња, ем што командите на волан си остануваат активни. Единствен дроубек е што не даваат инфо за автор-трака, али не е ни толку страшно тоа.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Браво Сале, свака ти дала.

Отсутен mushovlae

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 168
Дека јапанец,кореец од дамна има такво ставено фабрички  ;D ;D
Шала на страна корисно секако,браво ВЛАЕ  8)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Браво докторе. Дали ова е компатибилно со секое радио кое има приклучок за CD шаржер? Ако да, сакам да монтираме кај мене!
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
^
Сале подобро знае сигурно, но мислам дека не е,барем по тоа што пребарував на Алиескпрес.За мерцедес вакви слични уреди беа по 60-70 еур.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Браво докторе. Дали ова е компатибилно со секое радио кое има приклучок за CD шаржер? Ако да, сакам да монтираме кај мене!

Не е исто. Мора да имаш точен број на радиото, односно модел за да се види дали може да се монтира емулатор на ЦД шаржер.
Потоа на Алија да се пребара дали има таков за тој тип на радио.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
5+  :)

Прашање за случај Ланча Либра - Blaupunkt... Ако назад изгледа вака, сите влезови се пополнети а аукс кабелот е тој 8 пинскиот, плавиот...
- Кој фабрички приклучок ќе отпадне а на негово место ќе дојде ауксот?
- Ќе престане ли да работи нешто фабричко, и што? Пошто сите влеазови се зафатени.

https://www.aliexpress.com/item/Yatour-yt-m06-for-Fiat-8-Pin-alfa-romeo-Lancia-Maserati-Blaupunkt-car-mp3-player-usb/32957326318.html?spm=2114.search0104.3.35.5ffe1512lK0eFI&ws_ab_test=searchweb0_0,searchweb201602_8_10065_10068_319_10059_10884_317_10887_10696_321_322_10084_453_10083_454_10103_10618_10307_537_536,searchweb201603_16,ppcSwitch_0&algo_expid=4e9c9815-36d7-4a39-b98a-e42194773ec0-4&algo_pvid=4e9c9815-36d7-4a39-b98a-e42194773ec0

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43721
  • Il Moderatore
Ќе отпадне цеде чејнџерот.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.