Веќе подолго време на форумов слабо некако со проекти, модификации, и тешки комбинации, или пак луѓево немаат ни воља ни желба да пишуваат за ништо друго освен за политика.
Па си реков, ај да пишеме нешто. Ваква тема има, слична, за друго возило, поточно за Мазда 6, но заради промена на некој глобални матракукии, сликите ги нема, а текстот без нив е бесмислен. Ако модераториве сметаат дека е добро да се спојат темите, слободно, но јас сметав дека е подобро да биде оваа засебна.
Па да почнеме. Имено, станува збор вградување на MP3/WMA USB плеер на фабричко радио во Тојота Корола, 10-та генерација или пак позната под кодно име Е140/Е150. Фабричкото радио кое е вградено е со цд плеер кој чита МП3, нооо, кој во денешно време има живци да снима ЦД? Верувам никој.
Затоа дојдов на идеја да му вградам модул со кој ке се симулира ЦД шаржер и со самото тоа ке има можност да се слуша музика по желба на УСБ или пак на некој уред кој има излез за музика (телефон, таблет и слично). Модулот како и се во ново време е порачан од БабаАли за разумна цена.
Уредот стигна релативно брзо, за некаде 35 дена од денот на нарачка.
На YouTube ја имате целосно процедурата за демонтирање на радиото, но еве јас несебично ке ја споделам целата процедура низ слики, бидејќи немав услови тоа да го направам со камера (условите беа да монтирам сталак, ставам камера, влечам продужни дрн мрн, а ме мрзеше) па еве ке имате можност да ја видите целата процедура низ фотографии. И коментари нормално.
Најпрво се вадат пластиките покрај менувачот, па потоа и покрај радиото. Можете да користите пластични хебли, а и не морате, вадењето е релативно едноставно и без употреба на сила:
Следниот чекор е одштрафување на 4 штрафчиња со помош на клуче 10-ка монтирано на продужеток бидејќи се длабоки и го држат радиото.
По одштрафувањето на штрафчињата, следи вадење на горниот дел комплет со отворите за вентилација. Полека и едноставно се повлекува и подига нагоре. Треба да се внимава да не се откорне кабелот кој е приклучен на прекинувачот за 4 жмигавци или трепкачи, кој како сака нека ги вика
Потоа го извлекуваме радиото и внимаваме со каблите за да не откорнеме некој, а и да не изгребеме нешто од конзолата. Кога ке погледнеме позади, ќе видиме дека има еден единствен слободен конектор каде што ке треба да го уштекаме нашиот уред. Единствено и таму може, на друго место не (освен ако не сме доволно упорни
)
Одкако сме го направиле уштекувањето, ред е и да провериме дали сево ова ќе функционира. Се бива, уредот е од Кина, не е од Јапан
И, за голема среќа и мое огромно изненадување уредот функционира. Претходно е добро да имаме еден УСБ стик кој што ке може да го штекнеме и да пробаме. Јас имав една микро СД картичка која што ја збрцав во адаптерот кој што го добив со уредот.
Одкако сме сигурни дека се добро функционира и работи, враќаме се назад по обратен редослед. Приклучокот може да се смести по желба. Имаше опција и за дополнително џекче за да се монтира некаде и да се вклучува директ УСБ-то или пак како што сакав јас, кабелчето и другиот приклучок си ги ставив во фиоката. Воопшто не сметаат, не се гледаат и си се спастрени.
Операцијата успешна, се вратено на место, се си функционира и си работи.
И волкот сит и овците на број.
Што се однесува до квалитетот на звукот, тој е одличен. Неспоредливо подобар од оној ако користите било каков МП3 трансмитер.
Инаку целиот процес на растурање, вградување, тестирање и склопување траеше околу 45 минути.
Ени квешчнс?