Автор Тема: BMW 118D  (Прочитано 13957 пати)

Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
BMW 118D
« на: 25 Февруари 2019, 14:01:35 pm »
Да го претставам моето второ возилце, иако главната уште ја немам претставено ;D
Кецов влезе во комбинација бидејќи го донесовме со мој другар за мајка му, арно ама испадна дека не е баш за ваква кола па беше некое време на продажба, беше и понуден на некои членови ама немаше среќа во продажбата. Јас ја дадов ибицата и го земав кецот.
Колата ја купивме од Дојчланд со 203,000км.
BMW 118d 2005 - 122кс со 5 врати.







Со опрема е скромен, поседува само електрика на сите стакла, паркинг сензори, магленки, греачи во седишта, команди на волан, аux и темпомат. Што и искрено за количе кое само ми брка работа ми е повеќе од доволно.

До сега што е направено:
Ремап 122- 161кс (Пред тоа ми трошеше, а не одеше. Сега си влече константно и имам значително помала потрошња)
4х нови зимски гуми 16ки.
Сервис со сите филтри и масло на 208,000. Моментално е на 213,000км.

Што е во план:
Можеби нови бандавчиња исто 16ки и нови летни гуми.
Да најдам дигитален автоматски климатроник зошто не можам да ја гледам со аналогниов.
Да и ставам некоја кинеска мултимедија со андроид доколку најдам нешто со прифатлива цена. Толку за сега од кецот ;D

ПС: Напред не е изгребана на браниците веројатно е нешто извалкано ;D

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5855
Одг: BMW 118D
« Одговори #1 на: 25 Февруари 2019, 14:07:50 pm »
Брзи треба никот да го сменеш у БрзиБмв 😁,со здравје да ја возеш 😊

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk


Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: BMW 118D
« Одговори #2 на: 25 Февруари 2019, 14:41:04 pm »
Зо здравје да се вози, не те разбрав пред „Ремапот“ ти трошело а не одело, во смисла ти како што си сакал или поради некој проблем или поради твои посебни барања за перформанси и сл?....
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
Одг: BMW 118D
« Одговори #3 на: 25 Февруари 2019, 14:53:20 pm »
Зо здравје да се вози, не те разбрав пред „Ремапот“ ти трошело а не одело, во смисла ти како што си сакал или поради некој проблем или поради твои посебни барања за перформанси и сл?....
Фабрички 118д/318д м47 е слаба, за таа коњажа одлично си оди, ама за моите потреби и барања не оди баш сјајно. Сега е екстра, многу подобро оди од претходно и троши помалце. Колава ја земав за моите и од кога направив ремап татко ми одма примети дека оди значително поубаво и помалце троши. Фабрички е тромава на забрзување :)

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3176
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: BMW 118D
« Одговори #4 на: 25 Февруари 2019, 16:47:57 pm »
So zdravje da se vozi

Отсутен Djokica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 883
Одг: BMW 118D
« Одговори #5 на: 26 Февруари 2019, 15:20:29 pm »
Честито, со здравје да се возе. Како е со комоција позади има ли доволно простор, или тесно е?

Присутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3876
Одг: BMW 118D
« Одговори #6 на: 26 Февруари 2019, 16:02:40 pm »

До сега што е направено:
Ремап 122- 161кс (Пред тоа ми трошеше, а не одеше. Сега си влече константно и имам значително помала потрошња)


Оваа „мистерија на ремапот“ никогаш не ја разјаснив. Добива 20% повеќе сила и моќност и -20% потрошувачка. Ми фали нешто во равенката инаку ќе се распадне универузмов. 


BTW: Со арно да си тера и да си уживаш во колата. Мене ме бендисуваат единициве иако се грди. Ако не си одел со ружна женска не знаеш што си пропуштил :)

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2648
Одг: BMW 118D
« Одговори #7 на: 26 Февруари 2019, 16:51:59 pm »
Мноогу добро ауто. Со здравје да се вози. Многу добра кола генерално, единствен проблем би ми бил багажникот оти е  премал. Внатре има доволно место според мене.

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3774
Одг: BMW 118D
« Одговори #8 на: 26 Февруари 2019, 17:57:54 pm »
Па и не е толку мал, пример Голф 5 има 350Л а ова има 330Л багаж.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: BMW 118D
« Одговори #9 на: 26 Февруари 2019, 19:42:59 pm »

До сега што е направено:
Ремап 122- 161кс (Пред тоа ми трошеше, а не одеше. Сега си влече константно и имам значително помала потрошња)


Оваа „мистерија на ремапот“ никогаш не ја разјаснив. Добива 20% повеќе сила и моќност и -20% потрошувачка. Ми фали нешто во равенката инаку ќе се распадне универузмов. 


Реално исто троши. Со потенцијал после ремап да троши повеќе.
Нешто слично ко Alfa Romeo Giulia 2.2 со 200 и 280 кс. Двете декларирано трошат 6.8л/100км. Ама оваа вторава има потенцијал да потроши многу повеќе од првата при „одредени услови што сите ги сакаме“ :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2648
Одг: BMW 118D
« Одговори #10 на: 26 Февруари 2019, 21:42:32 pm »
Па и не е толку мал, пример Голф 5 има 350Л а ова има 330Л багаж.
Зборам од тоа што сум видел... За бројки незнам

Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
Одг: BMW 118D
« Одговори #11 на: 27 Февруари 2019, 02:50:35 am »
Колата е доволно голема за 4 патници. Со тоа што нормално тие што седат напред треба да бидат во нормална позиција, не со легнати седишта вратени скроз назад. Со оглед на тоа дека сите во фамилија сме пониски, нас ни одговара. Колата во никој случај не е за пет души, можеби за кратки вожњи ако е зорт. Багажникот има задоволително место. Најголема причина зошто би го ставил кецот пред сите во неговата класа е исклучително добар хендлинг. Вожњата е како по шини, секој што имал прилика да извози кец мислам дека ќе се сложи дека се небо и земја со сите конкуренти од типот на голф5, леон, ауди а3. Вожњата е стегната, колата е динамична и многу стабилна. Мене тоа ми е најбитно кај колите што ги поседувам, инаку кецот е по тесен од неговите конкуренти и е многу по стегнат за вожња. Пример за разлика од конкурентите нема електрично серво, па вртењето уште се осеќа онака правилно како што доликува. Мењачот е цврст и со долги брзини. Во 6та можам да крујзам на 140 км/ч без да има никаква бучност. Тие се работите што ми се допаѓаат. Импресивно е што на колата уште си има ДПФ и катализатори, и не чурнува буквално никаков дим. Ауспухот е стакло чист како нов нема црно. Инаку колата е едноставна за одржување, а нормален сервис со масло и филтри ме кошта околу 5000 денари.
Од тоа што најдов во документацијата видов дека на 190,000 има ставено 4 нови дискови и плочки.
Амортизерите се во добра состојба, исто и предницата, има некоја мала луфта на десно рамо кое најверојатно ќе биде заменето со оргинално половно или ќе биде репарирано во најскоро време. Тоа е тоа за сега, количето служи и се вози секојдневно.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6737
  • Бенве сие бенве
Одг: BMW 118D
« Одговори #12 на: 27 Февруари 2019, 07:16:07 am »
Честитки брз, со здравје да се вози. Тесен е кецот за седење назад, мене барем ми беше кога еднаш требаше да седам назад. Инаку супер оди ама е доста тврд. Багажникот секогаш ми стигнувал затоа што бевме 2ца постојано. И моето беше ремапирано, во моментот кога си го пробал имало извадено некое црево од и интеркулерот па чиме од кога ја купи приметил и го средил, затоа не ти одела многу.

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk


Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1406
Одг: BMW 118D
« Одговори #13 на: 27 Февруари 2019, 08:36:49 am »

До сега што е направено:
Ремап 122- 161кс (Пред тоа ми трошеше, а не одеше. Сега си влече константно и имам значително помала потрошња)


Оваа „мистерија на ремапот“ никогаш не ја разјаснив. Добива 20% повеќе сила и моќност и -20% потрошувачка. Ми фали нешто во равенката инаку ќе се распадне универузмов. 


Реално исто троши. Со потенцијал после ремап да троши повеќе.
Нешто слично ко Alfa Romeo Giulia 2.2 со 200 и 280 кс. Двете декларирано трошат 6.8л/100км. Ама оваа вторава има потенцијал да потроши многу повеќе од првата при „одредени услови што сите ги сакаме“ :)

Морам да те поправам Alfa Romeo Giulia со 200 и 280 се бензински мотори и не се 2.2 туку 2.0.
Окулу ремапот, мојата Делта троши за литро и кусур повеќе во било кои услови на возење. Ама има разлика доста голема па тоа ме спречи да вратам се назад. Имам пример и на другар мој колата Линеа 1.3мјт со 90кс, после ремап стана 115 мислам, а потрошњата незнам дали му се зголеми ама 100% не му се намали. Ова се мои искуства, можеби таква мапа...

Присутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3876
Одг: BMW 118D
« Одговори #14 на: 27 Февруари 2019, 09:38:46 am »

До сега што е направено:
Ремап 122- 161кс (Пред тоа ми трошеше, а не одеше. Сега си влече константно и имам значително помала потрошња)


Оваа „мистерија на ремапот“ никогаш не ја разјаснив. Добива 20% повеќе сила и моќност и -20% потрошувачка. Ми фали нешто во равенката инаку ќе се распадне универузмов. 


Реално исто троши. Со потенцијал после ремап да троши повеќе.
Нешто слично ко Alfa Romeo Giulia 2.2 со 200 и 280 кс. Двете декларирано трошат 6.8л/100км. Ама оваа вторава има потенцијал да потроши многу повеќе од првата при „одредени услови што сите ги сакаме“ :)

Морам да те поправам Alfa Romeo Giulia со 200 и 280 се бензински мотори и не се 2.2 туку 2.0.
Окулу ремапот, мојата Делта троши за литро и кусур повеќе во било кои услови на возење. Ама има разлика доста голема па тоа ме спречи да вратам се назад. Имам пример и на другар мој колата Линеа 1.3мјт со 90кс, после ремап стана 115 мислам, а потрошњата незнам дали му се зголеми ама 100% не му се намали. Ова се мои искуства, можеби таква мапа...


Со оваа констатација би можел секако да се сложам, во голема мерка мапирањето ако е направено интелигентно може да го смени модот на работа на моторот во зависност од тоа дали сакаш да бркаш на 5-6-7000 вртежи или да лизгаш на 1200 вртежи.