Да го претставам моето второ возилце, иако главната уште ја немам претставено
Кецов влезе во комбинација бидејќи го донесовме со мој другар за мајка му, арно ама испадна дека не е баш за ваква кола па беше некое време на продажба, беше и понуден на некои членови ама немаше среќа во продажбата. Јас ја дадов ибицата и го земав кецот.
Колата ја купивме од Дојчланд со 203,000км.
BMW
118d 2005 - 122кс со 5 врати.
Со опрема е скромен, поседува само електрика на сите стакла, паркинг сензори, магленки, греачи во седишта, команди на волан, аux и темпомат. Што и искрено за количе кое само ми брка работа ми е повеќе од доволно.
До сега што е направено:
Ремап 122- 161кс (Пред тоа ми трошеше, а не одеше. Сега си влече константно и имам значително помала потрошња)
4х нови зимски гуми 16ки.
Сервис со сите филтри и масло на 208,000. Моментално е на 213,000км.
Што е во план:
Можеби нови бандавчиња исто 16ки и нови летни гуми.
Да најдам дигитален автоматски климатроник зошто не можам да ја гледам со аналогниов.
Да и ставам некоја кинеска мултимедија со андроид доколку најдам нешто со прифатлива цена. Толку за сега од кецот
ПС: Напред не е изгребана на браниците веројатно е нешто извалкано