Фала на честитките и помошта дечки, да си купите што ви лежи на срце
Колата ја земав одма затоа што беше единствената која ме насмеа после тест возење, а тестирав 8-9 коли. Сите други ми беа "па океј е, ја бива, адекватна е, уреду", а свифтот ми беше "оу јеа, тоа е тоа". На задна клупа има доста простор, на тест со мене земав двајца колеги, едниот 180 погабаритен, другиот 180 ама послаб, него го ставив да седи позади мене (јас сум 190). И на двајцата им беше комотно позади и ја пофалија вожњата дека не ги осеќаат дупките иако ги гаѓав намерно. Количето има многу респонзивен волан и оди тачно кај сакаш, до милиметар. Мењачот е топ исто, не е ко да матиш јајца.
За хибридните поволности не им поверував, па се јавив кај другар што работи во ПОЦ, ми рече дека само треба да дојдам со сообраќајната, во неа да пишува дека е хибрид, и се прави договор со ПОЦ, 200 денари годишно плаќам, се паркирам кај сакам, дури и на резидентни улици. Регистрацијата ми е whitelist-ана во систем кај нив и не ја пипаат колата. Ми рече дека е исто слично и кај град Скопје.
А патарините ќе почекаат бидејќи кога требаше да ги изгласаат немавме влада, а се шпекулира дека ќе почнат со оваа поволност кога ќе ги воведат автоматските патарини.