Автор Тема: Ново возило, буџет 17-18К  (Прочитано 29222 пати)

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 405
Ново возило, буџет 17-18К
« на: 20 Февруари 2019, 01:13:31 am »
Дечки, имам една мака. Се утепав од шетање по салониве и не можам да си најдам кола по ќеф. Висок сум 188цм, тежок 110 кила, барам исклучиво 4 цилиндра бензин, 5 врати, по можност да не е џип, ама ако се мора..... Си направив табела во Excel со се што сум разгледувал досега. Барам помош и совет во одлуката од вас. Не е хитно, ама би сакал да си купам возило до крај на мај, па кога стигне-стигне. Фала!

https://imgur.com/a/mhjd7To

(клик на линкот или десен клик на сликава доле и view image)

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Ново возило, буџет 17-18К
« Одговори #1 на: 20 Февруари 2019, 06:53:04 am »
Fiat 500 L ќе покрие се што "сакаш".

И Skoda Karoq и Skoda Roomster ако постои.

И Ford Cmax сега е на промоција. Оди прво него види го, мислам дека ќе го земеш 99% ако немаш предрасуди. За 18000 ќе е набуѕан со опрема. И 5 години гаранција. Ајт.
« Последно менување: 20 Февруари 2019, 07:16:25 am Deni »

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Ново возило, буџет 17-18К
« Одговори #2 на: 20 Февруари 2019, 08:02:12 am »
Карокот е од старт поскап од Октавија така да реални да бидеме со советиве.

Друже ти си доста висок така да од овие што си ги спомнал можеби само во Октавијата би се чувствувал нормално а не како да седиш во количка за деца. Место Витарата пошто има ентериер како Дачија од пред 15 години, дали си го пробал Suzuki S-Cross? Мене барем ми изгледа доста по културно

ова на пример https://www.ss.com/msg/lv/transport/cars/suzuki/sx4/blipei.html внатре изгледа многу подобро изработено од ова https://www.ss.com/msg/lv/transport/cars/suzuki/vitara/hcpkk.html

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Одг: Ново возило, буџет 17-18К
« Одговори #3 на: 20 Февруари 2019, 08:13:50 am »

Да споредеше со друга кола, но со истата? Во различно пакување???
Инаку да, во право си, огромна разлика има...хахаха  ;D

Него друже, искрено да ти кажам, за тие пари Витара ти е најперверзниот избор со се што има...
Со здравје да си ја возиш!

А еве еден тест на 4х4 варијантата.
Добро им е решен 4wheel drive на јапанците.

« Последно менување: 20 Февруари 2019, 08:20:57 am SaleSk »
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Ново возило, буџет 17-18К
« Одговори #4 на: 20 Февруари 2019, 08:19:52 am »
Ова лево и со најдобра опрема што си го барал изгледа повторно евтино од ова десно со основно ниво. Со тие округлите отвори за воздух мислам во Лада ги имаше на времето. Веќе Дачија дастер изгледа по-складно од витарата сакале или неќеле да признаеме....и полека со честиткиве му ја купивте колава на човеков  :)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Одг: Ново возило, буџет 17-18К
« Одговори #5 на: 20 Февруари 2019, 08:29:09 am »
Ова лево и со најдобра опрема што си го барал изгледа повторно евтино од ова десно со основно ниво. Со тие округлите отвори за воздух мислам во Лада ги имаше на времето. Веќе Дачија дастер изгледа по-складно од витарата сакале или неќеле да признаеме....и полека со честиткиве му ја купивте колава на човеков  :)

Изгледа не си ја прочитал добро табелата која што ја стави сефирот, веројатно само го прочита насловот.
Мислам дека по твојот критериум најдобро ке биде да земе некоја Октавија РС, или пак да почека да излезе Голф 8-ца, пошто и да му е мала и кратка ке биде добро да ја земе зошто е најбоље ауто.
Човекот си има буџет, кажа мислење за сите други возила, и во првиот пост му пишуваше дека веројатно ке треба да купи тоа што не му е влезено во глава.
С-Крос има многу чудно седење, и за разлика од витарата е ниту пониско ниту повисоко, значи неопределено.
Но изгледот на ентериерот и вкусот не е за дискутирање.

Доказ за тоа е дека не го прочита и коментарот за Голф кој наликува на безлична кутија, нели? ;D кој искрен да бидам многу ми се допaдна, бидејќи е доловен во права смисла со само 3 збора.

Ајде , убав ден. Среда денес, со среќа нека е :D
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Ново возило, буџет 17-18К
« Одговори #6 на: 20 Февруари 2019, 08:52:53 am »
Кога човек многу претпоставува за друг човек, тогаш е неминовно се прават грешки. Голф јас не спомнав, ама ти не издржа a да не го спомнеш :)

Во табелата само се спомнува витара а не с-крос така да не би било лошо доколку воопшто се носи моделов во Македонија да се проба и тестира.

Па баш пошто е пониско седењето од витарата можеби тоа повеќе ќе му се допаѓа на @Sephiroth  и така си бил висок човекот и плус рече неќел класичен џип.

п.с. изглед на автомобил надвор е ОК за дискусија ама изглед на ентерир не е за дискутирање  ;D

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Ново возило, буџет 17-18К
« Одговори #7 на: 20 Февруари 2019, 08:59:59 am »
Од моите патешествија во потрага по кола имам заклучено дека на секоја и фали нешто.
Некаде ќе треба да се направи компромис.

За мене на прво место беше возачка позиција (се напатив со претходната кола) и среден наслон (не е најсреќно поставен во новава кола).
За останатото си направив компромис или си најдов какви такви оправдувања за да си се убедам во изборот :)

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3473
Одг: Ново возило, буџет 17-18К
« Одговори #8 на: 20 Февруари 2019, 09:02:58 am »
Дечки, имам една мака. Се утепав од шетање по салониве и не можам да си најдам кола по ќеф. Висок сум 188цм, тежок 110 кила, барам исклучиво 4 цилиндра бензин, 5 врати, по можност да не е џип, ама ако се мора..... Си направив табела во Excel со се што сум разгледувал досега. Барам помош и совет во одлуката од вас. Не е хитно, ама би сакал да си купам возило до крај на мај, па кога стигне-стигне. Фала!

https://imgur.com/a/mhjd7To

(клик на линкот или десен клик на сликава доле и view image)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Како мислиш не даваат попуст Шкода, биди упорен ќе симнат цена сигурен сум.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6436
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Ново возило, буџет 17-18К
« Одговори #9 на: 20 Февруари 2019, 09:47:48 am »
Не гледам никаде Волво В40, да не го забораве?

Цитат
Цената 19.490 EUR е за V40 T2 90 kW (122 КС)
Kinetic со Edition пакетот и не го вклучува трошокот за металик боја и припрема на возило

EDIT: Цитатов е од лански каталог, мислев понов е ама..., не знам колку се цените сега.
« Последно менување: 20 Февруари 2019, 09:59:21 am Power to the people »

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Ново возило, буџет 17-18К
« Одговори #10 на: 20 Февруари 2019, 10:03:50 am »
Дечки, имам една мака. Се утепав од шетање по салониве и не можам да си најдам кола по ќеф. Висок сум 188цм, тежок 110 кила, барам исклучиво 4 цилиндра бензин, 5 врати, по можност да не е џип, ама ако се мора..... Си направив табела во Excel со се што сум разгледувал досега. Барам помош и совет во одлуката од вас. Не е хитно, ама би сакал да си купам возило до крај на мај, па кога стигне-стигне. Фала!

https://imgur.com/a/mhjd7To

(клик на линкот или десен клик на сликава доле и view image)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Како мислиш не даваат попуст Шкода, биди упорен ќе симнат цена сигурен сум.

@Hdmiusb

Carclub member needs you !!!

:D :D :D

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 551
Одг: Ново возило, буџет 17-18К
« Одговори #11 на: 20 Февруари 2019, 10:17:28 am »
@Sephiroth има Octavia Ambition 1.5 TSI со голем дел од опремата која ја бараш (дел од работите ќе недостасуваат нормално) во црна боја која ќе пристигне во Македонија некаде средина на март. Мислам дека цената ќе биде во рамките на буџетот, па доколку си заинтересиран може да ти дадам конкретна понуда во ПП.
Aus Liebe Zum Automobil...

Присутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: Ново возило, буџет 17-18К
« Одговори #12 на: 20 Февруари 2019, 10:56:22 am »
коментарот за CX-3ката, легендарен  :D :D :D

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3257
Одг: Ново возило, буџет 17-18К
« Одговори #13 на: 20 Февруари 2019, 11:47:58 am »
Каква боја ќе биде Kia Sportage-от?

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Ново возило, буџет 17-18К
« Одговори #14 на: 20 Февруари 2019, 11:51:33 am »
Иначе за мене Jeep Renegade не е грд, башка сигурно нема на работа да те прашаат за сексуалната ориентација :D