Добив понуда за Astra K 1.4 Turbo 125ps сосе све што барам, и за 100 евра повеќе понуда за Peugeot 308 1.2 Puretech 130ps сосе све што барам освен задна камера.
- Астрата има поголема и покомотна задна клупа, ама помал багажник (375л) и има акцесоар да се докупи двоен под во багажник за да биде све рамно кога ќе се спуштат седиштата
- 308-цата има катастрофално мала задна клупа, но огромен багажник од 470 литра, но нема двоен под. Исто така на тест повеќе ќеф ми направи вожњата на 308-цата и има поинтересна и поштосна кабина.
Исто така добив понуда за Focus 1.0 Ecoboost 125ps, сосе све што ми треба, ама за 2000 евра повеќе од првиве две и моторот му е послаб, 170nm наспроти 230 кај пежото и 240 кај астрата. Ако изберам 1.5, мора да се земе во ST-Line опрема и цената рипа до небо. Треба да го тестирам во четврток. Не ми се допаѓаат гарантните услови на Форд воопшто.
- Понудата на Витарата сеуште стои, но нема све што сакам, фалат некои ситници, треба да видам дали можам да се изгребам за нив, и е 1000 евра поскапа од првите две, а 1000 евра поевтина од Фокусот. Во поглед на изглед на кабина би ја ставил на последно место, а на вожња би ја ставил на второ место, зад 308-цата (Фокусот сеуште не е тестиран).
Ги контактирав и Хјундаи, ама некако не им се работи, ги мрзи да ми продадат возило. Во Порше треба да отидам по втор пат, чисто да видам дали им се променило расположението или се сеуште дигнати до небо