Автор Тема: Project VW Corrado  (Прочитано 26391 пати)

Отсутен godofspeed

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2840
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #15 на: 05 Февруари 2019, 15:29:24 pm »
Со среќа проектот и чекам новости :D

Отсутен malinamamun

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 552
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #16 на: 05 Февруари 2019, 17:12:17 pm »
Уф браво мајсторе. Секоја чест за ова. Кога планираш одприлика да биде готово? имаш ли некој термин

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 551
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #17 на: 05 Февруари 2019, 23:17:44 pm »
Охоо, ај честито :)
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #18 на: 06 Февруари 2019, 00:13:51 am »
Со среќа проектот и чекам новости :D


Охоо, ај честито :)

Благодарам дечки, @godofspeed како што ќе се работи ќе има новости. Најтешкиот дел е да се најдат делови бидејќи е доста ретка колата. Според некои пресметки се мисли дека околу 45000 се останати во возна состојба.

Уф браво мајсторе. Секоја чест за ова. Кога планираш одприлика да биде готово? имаш ли некој термин

Немам поставено термин, може 1 до 2 години ќе одземе да се среди. Пред се имав два проекти едно по друго, кецот и двојката која се привршува моментално. Уморува психички малку бидејќи таман си помислил дека ги имаш набавено сите делови ќе зафали некоја ситница која треба да се бара под дрво и под камен. Да не зборам ако влезе и жена во куќата... хахахаха.

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #19 на: 06 Февруари 2019, 03:47:11 am »
Bravo za kolava, samo napred.
Celo maalo se vlaznevme na kolava, ja imase eden komshija top sredena, site ja pazevme isto kako I sopstvenikot. Od nigde nikade ja smeni so Audi 90 Coupe ... pa nemozevme da odlucime koe ustvari e podobro od dvete.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7061
  • хаУс мајстор
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #20 на: 06 Февруари 2019, 14:02:35 pm »
Толку сте заразени што ни вакцинирање не ви помага! :D
Честитки дечки, со лесно да се средува.

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #21 на: 06 Февруари 2019, 18:18:38 pm »
Bravo za kolava, samo napred.
Celo maalo se vlaznevme na kolava, ja imase eden komshija top sredena, site ja pazevme isto kako I sopstvenikot. Od nigde nikade ja smeni so Audi 90 Coupe ... pa nemozevme da odlucime koe ustvari e podobro od dvete.

Ако имал можност да ги задржи и двете немало да погреши ич, но и вака не погрешил секако, две легендарни коли имал човекот. Може неговото корадо е сега кај мене хахаха.

Толку сте заразени што ни вакцинирање не ви помага! :D
Честитки дечки, со лесно да се средува.

Чика Златен тебе те чекав со коментар. Абе види, вакцина за болеста наша нема ама од друга страна велат с ким си такав си... и ти у пакет со нас овде хахаха. Благодарам, најдов веќе некои делови како резерва треба да стасаат деновиве ќе биде и ова како што треба.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7061
  • хаУс мајстор
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #22 на: 06 Февруари 2019, 18:48:20 pm »
Дружбaтa е пред се ;)
Oвa сo сликaтa зa финaлен изглед, плaвaтa е oтoп, aмa злaтен бaндaж мoрa дa имa!!! ;D

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #23 на: 06 Февруари 2019, 21:02:02 pm »
Познавајќи го начинот на работа верувам дека ова ќе биде врв. Корадо... 90-ти... супер избор!

Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2608
  • Custom made interiors
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #24 на: 07 Февруари 2019, 00:01:57 am »
 Ајде со лесно нека е чим стигнал дома.
Ама нешто скржаво со слики од внатре.  :D
« Последно менување: 07 Февруари 2019, 00:20:16 am Deno »

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #25 на: 07 Февруари 2019, 00:19:10 am »
@Deno рано е да те плашам уште сега, па да речеш не има многу работа сега ај понатака. Вака кога ќе ти донесам се во работилница од срам неможеш да речеш не хахахахаха

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #26 на: 07 Февруари 2019, 16:18:32 pm »
Да не слушам повеќе муабети дека хаубата ми била за 300кс а јас имам само 180кс. Еве си набавив нова комплетна со прскалки со греачи за средство за стакло.



Кога веќе пазарев реков не е на одмет да се има резерва лимарија за така ретка кола, па ги земав и вратите комплет со стакла и електрични прозори  8)


Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #27 на: 07 Февруари 2019, 18:15:11 pm »
Паметно си изиграл :)

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #28 на: 08 Февруари 2019, 16:29:34 pm »
Денес почнав со растурање на Корадото, не е којзнае колку од причина што ме фати настинка и работам со температура, не ми се лежи дома.

Извадено се од багажник внатре заедно со задните седишта, дел од процесот каде што е одстранет долниот дел од задното седиште покажува колку е валкано и прашина се наголтав.



Инаку денот започна вака.



Почнав со растурање на фарови, магленки, трепкачи напред. Дијагнозата е сечен браник за ладење на 300кс под хауба, магленките се здрави и не се скршени но трепкачите се за менување.





Од она досега што можев да прегледам нема скапаници, има на места површинска рѓа како пример под акумулатор. Се надевам деновиве ќе бидам подобар за да растурам остатокот од ентериерот.

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Project VW Corrado
« Одговори #29 на: 09 Февруари 2019, 16:39:42 pm »
Денес убаво времето се продолжи со работа, сума сумарум ентериерот е надвор комплет. Скапано нема на прв поглед на патос од долна страна, внатрешни прагови се здрави, надворешните едната страна бил закачен некаде ќе треба да се санира. Заден трап супер.





Добив и засилување денес.