@rile види @Hdmiusb каков дил избоксувал за Sportage можда можеш да го уклопиш дизелот во буџет
Утре одма одам во КИА, да видам што ќе ми кажат.
Инаку, само што се вратив од тест возење на тојота корола 1,4 дизел 90 коњски сили. Цената падна до 16 500 и можеби има простор за уште малку. Инаку први впечатоци:
Возењето многу слично како маздата што ја имам во моментот. Ме зачуди што позади нема мулти линк. Многу помага при стабилност, а ова НОВО возило тоа го нема. Забрзувањето е солидно во пониските брзини, меѓутоа по нагорнина (приклучок на обиколница од Ѓ.Петров) нема сила. Исто така и во 6-та на мал успон бара 5-та. Како што и предпоставив. Позади задната клупа, ама искрено, како старински кревет на федери. Нема ни странична поддршка. Предните седишта солидни. Потрошувачка на тестниот модел просек 6,5 литри. Гепек одличен. Нема темпомат. Нема воздушни тунели позади. Убав 7" дисплеј.
Се на се очекував повеќе од тојота. Ама, тоа е.
Инаку денес бев и во форд и најголем впечаток ми остаи ц-макс. Кугата е најбоља (според мене), ама се беше над 22500 еура. Изложбениот модел го оставија од 18900 на 18000 евра, 1,5 дтци со 120 коњски сили. треба да го пробам деновиве, па ќе пишам. Бев и и во опел (автомакедонија), го гледав крослендот и не ми остаи некој впечаток, а и немаат тест возила. Грандлендот беше на повисоко ценовно ниво. Тоа за денеска