Во интерес на сите ќе одвојам време да напишам поголем пост, се надевам ќе биде од корист.
Неколку работи што треба да ги знаете за процедурата за повраток на ПДВ данок на возило (19%) од Немачка.
Нема гаранција дека секогаш ќе ги добиете парите, во неколку случаеви се има десено да ги имаш сите документи, и пак да не биде исплатено поради некоја си причина.
За да имаш право на повраток на данок, мора да го купиш возилото од Авто куќа или од фирма. Од приватно лице не можеш да повратиш данок.
Мораш да ја имаш бруто сумата во џеб. Пример ако колата кошта 10,000еур бруто, а 8100 нето. Ти мораш да имаш 10,000 без разлика на нето цената.
Пример одиме да купиме Голфче од 10,000еур. Мораш да му ги платиш тие пари на продавачот.
Од тука најпаметно е да го замолите да ви помогне да извадите цол табли и следниве документи напишани подолу, бидејќи сами ќе се снајдете ама ќе изгубите многу живци, време.... Исто така секогаш договорете се пред време со продавачот за исплаќањето на данок, за да бидете на сигурно.
Откако ќе ги средите овие работи треба да немате 10,000 еур во џеб, а да имате:
- Вашата нова кола.
- Zoll (Еxport) таблички за извоз на неа.
- Kfz-schein (Сообраќајна дозвола)
- Kfz-Brief (Книшка за сопственост)
- Ausfuhrdokument (Документ за извоз на роба од ЕУ)
- Kaufertag - Купопродажен договор ( за мафијашиве кај нас...)
Од тука палиш голфчето, гаста бетон накај македонија.
МНОГУ БИТНО: На излез од Европска Унија мораш да запреш. Ако си доаѓаш преку Маџарска треба да запреш таму, на нивната граница. Или ако си доаѓаш преку Словенија, запираш кај нив. Истото важи од каде и да доаѓаш запираш во последната држава од ЕУ, на нивната царина одиш и учтиво ги замолуваш да добиеш печат штембил дека колата ја напуштила европска унија. Гледајте да не заборавите на ова бидејќи ако ја поминеш границата, гадовите не те пуштаат да се вратиш, маџарите и словенците иста марка се за тоа. ( Претежно овде кај што се чека за печат има многу гужва, па бидете стрпливи, без нервоза)
Од тука идеш кај нас во Македонија. Влегуваш на царина. Ја ставаат колата на вага и ја носиш на паркинг. Ти прават документ. Со купопродажниот договор и документот за прием на царина одиш во Шпедиција да ти направат документи кои треба потоа да одат на терминал каде што ќе си ја цариниш колата ( по твој избор). Имаш рок 24-48 часа да ја однесеш колата на терминал, потоа ти ја царинат, вадиш хомологација и си ја регистрираш колата.
Сега со документот (Ausfuhrdokument) кој има печат дека си ја напуштил ЕУ, и со SCAN од македонска собраќајна и таблички, му ги праќаш документите или одиш кај продавачот што ти ја продал колата. Тој ти ги исплаќа парите 19% од данокот. Твојата кола кошта 8100 еур.