Замислата ми беше Peugeot спортски седан во класа со BMW 3, па затоа почнав врз неговата основа. Предниот надвисок отиде малку понапред, а цел преден дел како и кровот отидоа подоле. Затоа задницата изгледа како да е дигната. Инспирацијата за доминантната странична хоризонтална линија е преземена од 308, додека задните светла се во стилот на 306/406. Предниот дел сосема случајно испадна да наликува на Mazda 6, јебига така ми одеше раката.

Купе ќе се изведе со спуштање на кровот уште малку во задниот дел.
Еве ја скицата со пенкало, тука предницата малце како Mercedes CLS испадна:
