Sto e forata so popustot..... ednostavno kazano direktno sum vmesan vo proces nabavka , pa nekoi raboti i ceni gi znam. Za nekoi saloni znam do koja cena najdole mozat da odat.
Имав еден другар кој, своевремено, купи палто од некој фенси шменси бутик во Скопје. Палто како палто, пред 15 години го плати 19,000 денари. Велам, што ти е?!? Одговор - ти свесен ли си дека го намалиле од 44,000 денари?!
Приказната настрана, sorry not sorry, попуст не е основен критериум при избор на кола. Никој не сака да плати повеќе од што мора, но муабетиве се... ајде да не бидам погрешно сфатен. Си велам дека одбираш автомобил по критериуми кои си ги поставил - кои и да се (изглед, капацитет, перформанси), па откако го кратиш изборот, одиш да се избориш за тоа што сметаш дека треба да го платиш (*). Ако критериумот е попуст, тогаш нема би почнал тема "Sportage vs Vitara". Мислам дека не би.
Дополнително, ако си, како што велиш, директно вменаш во процес набавка, и дека некои работи и цени ги знаеш, распрашај се и за други работи што може ќе ти ги кажат а би ти помогнале во одлуката. Кого и да прашаш овде ќе ти даде лично мислење - а колку што можам да приметам, не зборуваме за истите работи.
(*) Концептот "јас сметам колку треба да платам" е распространет секаде, не само локално - демек ние сите знаеме колку некоја работа чини. Производителот, дилерот, сервисерот се во тој бизнис за да направат профит, а не нам да ни прават услуги. Колкумина овде, купувајќи леб, се обратиле кон вработениот во продавницата со муабет - "Колку е лебот? 20 денари? Колку може да спуштиш на тоа?".