Киа Спортаж ти е пологичен избор од двете понудени.
Има 7 години гаранција, и е ок склопено во целина. Витарата е добра, ама незнам како е покажам моторот на Сузуки.
На хартија турбо моторот во Витара треба да е по интересен за возење од атмосферецот во Спортаж. Не сум го возел, но водејќи се на искуството со други возила и мотори, мислам дека ќе ти биде значително подобар тој мотор отколку 1.6 атмосферецот во Спортаж.
Бидејќи си одллучил да купиш СУВ возило, треба да бидеш спремен на сите негативности што тие возила ги носат.
- Повисоко седење, повисоко тежиште - неудобни за патување на подолги релации.
- Тешки се, тромави, моторите не им се идеални за брзо и економично возење. Очекувај дека со двата модела ќе бидеш над 10 литри поторошувачка во градска средина.
- Спори на престигање ќе бидат, и двата модели. Меѓузабрзувањата се очајни.
- На отворен пат ќе држиш 120 со околу 3000 вртежи, тоа значи доста бука и шум од воздух во кабина.
- Пневматиците што ќе треба да ги купиш, кога ќе дојде време за менување или купување зимни, ќе бидат бааги поскапи од стандардните димензии што ги возат седани или хечови.
- Немаат никакви офроад вештини, освен што се високи во подвозје. Речиси и да немаат некое "џипче" својство
Ако можеш да живееш со горе споеменатите работи, тогаш со здравје да си го возиш возилото.
Мој личен став е дека 17.000 евра нема да ги дадам за СУВ со понудените мотори. Има други опции на пазар како нови возила што нудат многу повеќе за тие пари.
Како што кажав, тоа е личен став мој, и не мора да се согласиш со мене, само пробувам да ти дадам и друг пристап во размислувањето.